Преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9 и Наративниот план 3-6-9+

На 38 седница, владата ја разгледа и прифати информацијата „Фактографски преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9“ заклучно со 14 ноември 2017 година, како и информацијата за активностите што ќе бидат преземени во наредниот период што ги опфаќаат одредниците „6 и 9“ во планот.


Фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9 за првите три месеци покажува дека пакетот на мерки во првите три месеци се исполнети во најголема мера, пред сè, како резултат на силната политичка волја и заложба на Владата и надлежните институции. Дел од мерките чија реализација е започната или е во тек, останаа релевантни и за наредниот период.


Во „Наративниот план“ за идниот период, мерките од делот 6 и 9 се дефинирани и ажурирани врз основа на препораките содржани во Извештајот на Групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото и консултациите со сите засегнати страни. Предвидените мерки е планирано да се реализираат до декември 2017 година/март 2018 година или пред објавувањето на следниот редовен Извештај на Европската комисија за Македонија.

Доколку сакате да го преземете Фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9 како и Наративниот план за идните шест и девет месеци, тоа можете да го сторите на следните линкови:

  • Фактографски преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9 (Македонски јазик) - Преземи
  • Overview of the State of play on the implementation of Plan 3-6-9 (English language) – Download
  • План 3-6-9 + (Македонски јазик) - Преземи
  • Plan 3-6-9 + (English language) - Download

 

Дополнително, Фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9 како и Наративниот план за идните шест и девет месеци, наскоро ќе бидат достапни и на албански јазик.

Категорија: