Економскиот совет разгледа пакет од 50 нови мерки за продолжување на економските реформи

Економскиот освет на правата седница во новата 2012 година, што се одржа денеска, разгледа пакет од педесетина нови мерки со кои треба да продолжат реформите во економската сфера, со цел унапредување на условите за водење бизнис, согласно индикаторите за „Дуинг бизнис“ на Светска банка.  

Како што изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Сатврески станува збор за мерки и активности кои ќе треба да се импелемнтираат во текот на оваа година во делот на водење бизнис во 10 индикатори кои ги следи СБ, но, вели, се уште повеќе значајни за домашните компании. На тој начин, според него, ќе им се помогне на компаниите во вакви комплексни и сложени услови какви што ги наметнува состојбата во европската економија.

- Во тој дел ги разгледавме индикаторите во 10 области почнувајќи од условите за добивање кредити, условите за регистрација на бизнисите, добивање на градежни дозволи, извршувањето на договорите,  солвентноста и несолветноста односно аспектите на солветноста на комапниите, информира Ставрески.

Тоа, додаде вицепремиерот, е направено во соработка и преку контакти со стопанските комори, односно со компаниите во Македонија,  со државните институции, како што е Централниот регистар, Катастарот... и со следење на искуствата на најдобрите земји во светот како што се Сингапур, Хонк Конг, Ирска и други, кои имаат најдобри резултати во овие реформи. Врз основа на денешните разговори на Економски совет Министерството за финансии и Владата ќе ги допрецизираат овие мерки и ќе бидат предложени на Влада, по што ќе започне нивната имплементација.

- Очекуваме во првата половина од 2012 година сите овие педесетина нови мерки да заживеат во пракса со што ќе се влијае и во насока на намалување на бројот на процедури за добивање на разни лиценци, дозволи, одобренија за градба и слично, и во насока за скратување на времетраењето што е потребно за фирмите да го направат тоа, и граѓаните, се разбира. И во еден дел за намалување на трошоците, при што ќе ги вклучиме и општините онаму каде што локалната власт е надлежна за одредени мерки и активности. Значи, 2012 ќе биде година на силни реформи во Република Македонија. Владата продолжува со темпото на засилени реформи бидејќи само на тој начин можеме да ги подобриме состојбите во стопанството и на тој начин ќе се бориме против европската криза која што очигледно во 2012 ќе биде најголем предизвик за нас, посочи Ставрески.

Тој информира дека денеска заедно со овие мерки, донесени се и мерките што се однесуваат на поддршка на градежништвото и индустријата преку засилени капитални инвестиции и позасилено влечење на средства од Европската инвестициска банка за мали и средни претрпијатија. До крајот на јануари ќе биде доставено барање до Банката за повлекување на нови 100 милиони евра, имајќи ја предвид динамиката на искористеност на претходните 50 милиони. Тоа како што посочува вицепремиерот Ставрески, ќе претставува значителна инфузија во ликвидноста и подобрување на состојбите и пристапот до кредити за македонските претпријатија.