Премиерот Заев до својот грчки колега Ципрас: Сочувствуваме со семејствата на загинатите во поплавите и ви нудиме наша помош

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција.

Во писмото премиерот Заев истакнува дека сочувствува со семејствата и роднините на загинатите, повредените, како и со граѓаните погодени од поплавите.    

„Би сакал да ја нагласам нашата подготвеност да Ви понудиме секаква помош во овие тешки времиња за Вашата земја. Нашата Влада и нашата држава се посветени на одржување на добрососедските односи и затоа Ви ја нудиме нашата поддршка во овие несреќни моменти“, се вели во писмото на премиерот Заев до премиерот на Грција, Ципрас.

Премиерот Заев во писмото изразува надеж дека соседна Грција ќе ги надмине и ќе ги санира последиците од оваа голема природна катастрофа.

Категорија: