Средба на министерот Зоран Шапуриќ со министерот за сообраќај и поморство на Црна Гора, Осман Нурковиќ

 

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ, вчера оствари работна средба со министерот за сообраќај и поморство на Црна Гора, Осман Нурковиќ.

 

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Црна Гора. Шапуриќ го информираше црногорскиот министер за мерките и активностите што ги презема Владата за подобрување на бизнис клима во државата како и за станување на полноправна членка на Европската унија и на НАТО. Двајцата министри се согласија дека евро-атланските перспективи се единствена алтернатива за двете земји и дека тие придонесуваат за унапредување на соработката во областа на економијата, транспортот и сообраќајот, градежништвото, образованието и културата на земјите во регионот, како и за стабилноста на регионот.

 

Нурковиќ изрази задоволство за враќањето на Македонија на патот на евро-атланските интеграции и за одржувањето на фер и демократски локални избори.

 

По средбата двајцата министри учествуваа на панелот посветен на иницијавата за олеснување на транспортот во регионот „Free Cargo Region“, кој се одржа во рамките на шестиот „Самит 100“ на бизнис лидерите во Југоисточна Европа, во Скопје.

Категорија: