Владина седница по повод смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров

С О О П Ш Т Е Н И Е

Владата на Република Македонија, денеска (понеделник, 02.01.2012 година) ќе одржи седница на која ќе донесе одлука утрешниот ден, вторник, 03. 01. 2012 година, да се прогласи за Ден на жалост по повод смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, г-дин Киро Глигоров.