Пролонгиран рокот за евалуација на тендерот за Чебрен и Галиште

Владата го пролонгира рокот за евалуација на јавниот повик за изградба на хидроцентралите за 20 дена. Комисијата за евалуација на тендерот заклучно со 24 јануари ќе треба да одлучи дали некоја од двете пријавени компании на тендерот - кинеската CWE и грчката PPS ги исполнува условите објавени во тендерската документација.

Барањето за одлагање на тендерот, како што информира министерот за економија Ваљон Сарачини, до него било доставено вчера од страна на Комисијата за евалуација на тендерот, по претходни консултации со консултантот IFC.

Пролонгирањето е за да се добие време за суштинска и структурна анализа на понудите.