Прес конференција: „Анализата на трошоците - наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија период (2007 – 2017 – мај)“

Ве покануваме да присуствувате на прес конференција на која ќе се обрати Портпаролот на Влада на Република Македонија, Миле Бошњаковски која ќе се одржи утре (13.09.2017 среда), со почеток во 10:00 часот, во Медиа центарот во зградата на Влада на Република Македонија.

 

Тема на прес конференцијата ќе биде презентација на „Анализата на трошоците - наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија период (2007 – 2017 – мај)“.

 

Анализата е направена по декласификација на договорите потпишани од поранешната влада.

 

*Прес конференцијата ќе се одржи во новиот медиа центар во Влада на РМ. Поради обемноста на материјалите ова е прва прес конференција на темата, а во наредниве денови ќе следува и втора.