Најава: Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 23-тата седница

На дневниот ред на седницата ќе се најдат повеќе точки од интерес на јавноста од кои издвојуваме:

- Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи на кој предлагач е Министерството за внатрешни работи.

- Предлог деловник за изменување на Деловникот а работа на Владата на Република Македонија на кој поредлагач е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

- Информација за Програма за безбедност и здравје при работа, со Предлог-програма и Предлог акциски план за спроведување на Сртатегијата за безбедност и здравје при работа 2020, а како предлагач е Министерството за труд и социјална политика.


По завршувањето на седницата ќе следува детално соопштение за јавноста за донесените заклучоци.

Категорија: