Состојба со пожарите во Р. Македонија до 13:00 часот (10.08.2017)

Охридски регион

Во општина Македонски Брод, во моментов присутни се жаришта на атарот на с.Растеш- М.В. „Секулово гумно„ и М.В. „Коритски дол„, во подножјето на Сува Гора на атар на с.Волче М.В.„Мрамор. Појавен е нов пожар на атар на с.Грешница во непосредна близина на претходниот пожар. Во моментов ангажиран е 1 хелихоптер на АРМ кој дејствува во моментов на атар на селата Брест, Растеш, Волче и Заград.

Во општина Кичево пожарот на место м.в.Фрлогоец на Бистра Планина,  е активен и се шири кон дабовата шума, екипа на ШС Лопушник, Општина Кичево, ДЗС ПО Кичево и РЦУК Кичево одат на лице место. 

Велешки регион

Пожарот во општина Чашка, кај м.в. Јасеновска глава е сеуште активен. Гори нискостеблеста шума и сува трева. За гасење на пожарот ангажирани се вработени во ШС Бабуна – Велес.

Пожарот на отворен простор на подрачјето на с. Галиште општина Кавадарци е сеуште  активен. Екипа на ЈП МШ  подружница „Бор“  е на гасење на пожарот.  Гори сува трева, смрека и ниска дабова шума.

Скопски регион

Пожарот кај с. Никиштани (Општина Ѓорче Петров) е ставен под контрола и нема опасност од натамошно ширење. Пожарот кај с. Градманци (Општина Петровец) е ставен под контрола.

Пожарот над с. Црн Врв (Општина Студеничани) е активен и истиот е на непристапен терен каде гори ела.

Битолски регион

Пожарот  кај с. Никодин се уште е активен. Утрово упатена е екипа од вработени од ЈП МШ „Црн Бор„-Прилеп.

Пожарот во близина на с. Бонче и Манастирот Свети Илија е изгаснат. Додека кракот према с. Крушевица во место викано Липов Дол е сеуште активен.

Пожарот настанат во текот на вчерашниот ден кај новите градски гробишта во Прилеп од запален отпад, сува трева и гранки за брзо време е проширен и опожарена е површина од околу 60 хектари во која дел има опфатено и борова шума. Моментално пожарот е активен во мал дел во близина на с. Горно Село, и Мраморани општина Долнени како и Мажучиште општина Прилеп. Во моментот има екипи од ТППЕ-Прилеп, од ЕЛС-Прилеп, ЈКП Комуналец-Прилеп, Планинарско друштво Картуш-Прилеп и други доброволци. Моментално гори сува трева, смрека, и друга деградирана шума. Нема опасност од загрозување на манастирот Трескавец.

Тетовски регион

Пожарот над с.Копанце, Туденце и Сиричино, општина Јегуновце е активен. Гори сува трева и нискостеблести жбунести растенија,  на карпест и тешко пристапен терен.

Пожарот во атарот на с.Гургурница, општина Брвеница е активен. Гори сува трева и пасишта и според информациите со кои располагаме, нема опасност од проширување и зафаќање на шумата.