Насоки за следење на прес конференциите на премиерот Зоран Заев и неговите домаќини во живо, од Брисел

Почитувани,

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, а во која се и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска е во прва официјална посета на Брисел, на средби со првите луѓе на ЕУ и НАТО.

Ве исвестуваме дека линкот за пренос од прес конференцијата  на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, планирана за 14.30 часот, ќе можете да ја следите во живо на следниот линк:

http://ec.europa.eu/avservices/ebs/schedule.cfm?sitelang=en&page=3&insti...

Воедно Ве известуваме дека во живо преку интернет страницата на НАТО ќе се емитува и прес конференцијата на премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО, Јан Столтенберг. Прес конференцијата е предвидена за во 16.15 часот. Во живо, прес  конференцијата ќе може да се следи на следниот линк:

 http://www.nato.int

За информации од владината делегација следете и на Twitter (@VladaMK) како и на Facebook (https://www.facebook.com/VladaMK)

За сите информации ќе бидете навремено информирани преку редовни соопштенија од Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ.