Премиерот Никола Груевски ќе присуствува на потпишувањето договор со германската компанија Кромберг и Шуберт ГмбХ

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (четврток, 22 декември 2011 година) ќе присуствува на потпишувањето договор за отпочнување на реализацијата на инвестицијата на германската компанија Кромберг и Шуберт ГмбХ.

Договорот ќе биде потпишан од страна на министерот за привлекување странски инвестиции, г-дин Веле Самак и претставниците на Кромберг и Шуберт ГмбХ, г-дин Волфганг Тупи и г-дин Сами Загуани.

После потпишувањето претседателот на Владата ќе оствари средба со претставниците на германската компанија Кромберг и Шуберт ГмбХ.

Настанот ќе се одржи во Владата на Република Македонија.

Почетокот на настанот е предвиден за 12:00 часот.

Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот.