Попоски за Анадолија: Интеграцијата во ЕУ е нашата главна стратегиска определба

„За нас европската интеграција е надворешен главен приоритет поради условите за подигнување на стандардот на живеење во Република Македонија, сигналот на стабилност, можноста за привлекување на странски инвестиции, а воедно процесот на европската интеграција е најсилниот кохезивен фактор во Република Македонија кој ги обединува сите политички структури и мислам дека со враќање на кредибилитетот во еден таков процес во голема мерка би ги релаксирале и внатрешните политички процеси кои се услов за натамошен развој и обезбедување подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија", вели во интервју за Anadolu Agency (AA), министерот за надворешни работи на Република Макеоднија, Никола Попоски.

Говорејќи за политичката криза во земјата и договорот за нејзиното надминување кој мината година беше потпишан помеѓу најголемите политички партии во земјата Попоски вели дека минатото лето со овој договор всушност е договорен излезот од таа криза.

„Доколку погледнеме што тој план содржеше, повеќето точки, би рекол речиси сите се исполнети, меѓутоа една клучна точка не е спроведена а тоа се избори, кои требаше да се одржат во април а потоа во јуни. Избори кои беа дел од барањата на најголемата опозициска партија и за која постоеше согласост помеѓу владината коалиција и опозициските партии, да бидат спроведени”, вели Попоски, кој смета дека излезот треба повторно да се насочи кон спроведување изборите, но смета дека голем дел обврски кои беа преземени минатото лето се исполнети.

„Изнедадивме со фактот што голем дел од многу тешки обрврски беа спроведени во претходниот период”, вели министерот Попоски. Тој смета дека единствениот начин земјава да ја надмине кризата ќе биде со домашни ресурси, односно преку дијалог на политичките партиии.

„Не верувам дека никој од надвор, од било каде и да доаѓа, ќе може да ги решава проблемите во Република Македонија на политичко ниво доколку ние самите тоа не го сториме. Добро е што се покажува определен интерес од европските партнери и од Америка, бидејќи сепак голем дел од проблемите веројатно не би се случувале, или не би се случувале на таков начин доколку ние имавме кредибилен пат за интегрирање со Европската унија и НАТО”, смета министерот Попоски.

Истакнува дека не мисли дека тоа е причината заради определени конфронтирања, бидејќи како што вели, политички конфронтирања постојат во многу земји кои се дел од ЕУ, но се надминуваат на поелегантен начин доколку стe дел од заедницата.

„Многу поголеми проблеми носат доколку се соочите со такви политички конфронтирања поради повеќето блокади кои и се имаат случено на Македонија кон ЕУ и НАТО, немате кредибилен пат во кој можат сите граѓани да веруваат околу тоа”, наведува македонскиот министер за надворешни работи.

Постигнатите резултати од реалиацијата на договорот за решвање на политичката криза од минатата година, одложувањето на предвремените парламентарни избори во два наврати, прв пат за 24 април, а втор пат за 5 јуни, Попоски ги смета како немање чувство на опозицијата дека е корисно да се одржат изборите.

„Тоа што го видовме е дека во два наврати се одложуваа изборите поради немање на чувство на опозициската партија дека е корисно сега да имаме избори. Тоа не можемо да го санираме на друг начин освен нивна одлука за тоа кога да имаме избори. Во секоја од тие комбинации треба да се посочиме на организирање на изборите, создавање на услови кои ќе имаат доверба кај сите политички субјекти и конечно, да оставиме граѓаните да одлучуваат како треба да се однесуваме, кое треба да биде политичкото мнозинство кое треба да ги носи одлуките и одговорноста”, уверува министерот Попоски.

- Не треба странските амбасадори да одлучуваат за избори во Македонија

Осврнувајќи се на забелешките на странските дипломати во земјава, посебно на амбсасадорите на САД и ЕУ, кои во неколку наврати излегоа со став дека сеуште не постојат услови за одржување на кредибилни избори, Попоски изјавува дека не треба странските дипломати да одлучуваат дали има или нема услови за одржување на избори во земјата.

„Не мислам дека било кои амбасадори треба да одлучуваат дали има или нема услови во Македонија. Се согласувам со фактот дека не треба да имаме избори во кои најголемата опозициска партија нема да учествува бидејќи тоа ќе даде една негативна конотација за самиот изборен процес. Впрочем и идејата за избори е нешто што го бараше најголемата опозициска партија. Владината коалиција беше со став избоите да се случат во редовен термин а тоа е 2018 година. Без разлика на ова им беа нагласени три фактори, избрирачкиот список, климата во медиумите и обезбедување на механизми за одвојување на партиско дејствување, државно дејствување и комоција на граѓаните да се чувствуваат дека можат да избираат сами”, вели шефот на македонската дипломатија во разговор за АА.

- Со соседните земји и земјите од регионот градиме клима на доверба

„Доста е значајно што во нашиот регион работиме се повеќе и повеќе на создавање на клима на доверба и во рамките на билатералните односи и во рамките на регионалите иницијативи за интеграција на балканот”, истакнува Попоски, осврнувајќи се на односите со соседните земји и земјите од регионот. Шефот на македонската дипломатија овие односи ги дели на три нивоа, така што, според неговото мислење најдобри се односите помеѓу земјите кои немаат заедничка граница.

„Јас би ги поделил односите на три нивоа. Едно, најдобри се односите помеѓу оние земји кои немаат заедничка граница, во Југоисточна Европа тоа е како правило, така што многу полесно од македонски аспект се менаџираат односите со Словенија, Хрватска и БиХ, отколку со оние земји со кои имаме реално граница. Втора категорија, земји со кои имаме заедничка граница а не се дел од ЕУ. Албанија, Косово, Србија би биле земји со кои поедноставно се справуваме во рамките на билатералните односи”, вели Попоски. Најкомплексни односи се меѓу земјите со кои имаме заеднички граници, каде едната земја е внатре во ЕУ а другата е надвор, додава тој.

„Во нашиот случај најмногу напори и енергија би требало да посветиме со Грција и Бугарија како членки на ЕУ чија поддршка ни е неопходна за да станеме дел од тоа семејство и во услови во кои секогаш, барем на Балканот, тие односи се предмет на исполнување на некакви очекувања од другата страна. Ние знаеме со што сме соочени, во поглед на спорот со името кој ни е главната пречка за европската интеграција, но веруваме дека генералното подобрување на меѓусебните односи во регионот и нашите напори за релаксирање на односите и намалување на тензиите по однос на такви проблематични прашања како што е спорот со името за кое чувствуваме многу високо ниво на неправедно оспорување. Со тек на време мора да влезат во слика на порелаксирани односи. Бизнис заедницата, туризмот, односите помеѓу луѓето се тие кои би требало да ги надвладеат оние политички стравувања кои постојат во нашиот регион.

- Попоски: Договорот помеѓу ЕУ и Турција за бегалците е најдобриот можен договор во овој момент

„Договорот помеѓу ЕУ и Турција можеби не е идеален во повеќе аспекти, од едната и другата страна има некакви предизвици со кои треба да се соочат страните. Договорот е најдобриот можен договор кој би можеле да го постигнеме во овој момент. Мислам дека договорот не треба многу евтино да се отфрла, туку од сите страни треба да се вложат максимални напори за негово спроведување. Колку да изгледа тоа тешко во овој момент, со оглед на фактот дека некои од апскетите од неговото спроведување сериозно доцнат”, вели Попоски, коментирајќи го Договорот помеѓу ЕУ и Турција за решавање на бегалската криза.

„На пример, само неколку стотици бегалци или мигранти се предмет на тој договор за реадмисија кој до сега е спроведен, многу малкумина се реалоцирани од од приемните земји пред се Грција во другите членки во ЕУ, и има ред други проблеми, но јас верувам ова е најдобриот договор и за Турција и за ЕУ и за сите други земји низ кои транзитираат бегалците вклучително и Република Македонија”, додава Попоски, објаснувајќи го својот став.

„Ниту една земја не може да го реши сама, вклучитено ни Турција, ни Грција, ни Германија ни земјите кои се крајна дестинација, затоа неопходен ни е овој договор. Македонија е подобро подготвнена отколку што беше во 2015 за соочување со голем бран на мигранти. Не мислам дека Македонија е во позиција да го реши тој предизвик сама по себе но мислам дека нивото на комуникација е подобрено и помеѓу Турција и Грција, и помеѓу Грција и Макеоднија и веројатно сите други земји кои се на север на таа рута”, истакна Попоски и додаде дека сега е воспоставена дневна комуникација со грчките власти за избегнување сценарија како оние од минатото лето, кога илјадници мигранти сакаа да преминат од една во друга граница.

„Таа соработка да се пренасочи во правец на дислоцирање на сите оние луѓе кои се во шатори да бидат дислоцирани трасферирани во центри за прием за кои ЕУ има трансферирано пари за да имаат и хуман и безбеден третман”, смета министерот Попоски.

- Турција: Еден од клучните партнери за Република Македонија

Турција е еден од клучните партнери за Република Македонија и во регионален и во глобален аспект, истакнува Попоски зборувајќи за односите помеѓу Република Макеоднија и Република Турција.

„Исто така, многу значаен фактор што Турција како членка на НАТО е еден од послилните поддржувачи на НАТО во Балканскиот простор и членството на Македонија во НАТО. Тука не е битен безбедносниот аспект, кој можеби е помалку релевантен со оглед на тоа дека не верувам дека има крупни безбедносни закани во балкански контекст, но е голем симбол за стабилност ,за релаксирање на определени тензии кои постоеле во минатото. Тука мислам дека Турција игра улога на голем поддржувач и на РМ и на останатите земји за членство во НАТО алијансата. Имаме одлични односи во делот на туризмот, економијата и инвестициите. Сето тоа е пресликано и на високото ниво на комуникација и средби кои го имаме на највисоко ниво. Тоа би рекол дека е дел од еден стандард кој е воспоставен во македонско-турските односи во изминатите децении и тоа можеме само да го надградуваме во иднина“ , истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервјуто за АА.

Извор: Агенција Анадолија

Новинар: Адмир Фазлагиќ