Министерот без ресор Неждет Мустафа го посети ОУ “Арсени Јовков“

Министерот без ресор Неждет Мустафа, денеска го престојуваше во ОУ СУГС „Арсени Јовков“, во рамки на посетите на образовни институции каде што учат поголем број на ученици Роми, а како дел од акцискиот план за намалувањето на баратели на азил.

Целта на посетата беше и да се информираат учениците за програмите, мерките и активностите од областа на образованието кој ги презема Министерството за образование и наука, а се однесуваат на мотивирање и стимулирање преку стипендирање на ученици средношколци Роми, се со цел успешно да го завршат средното образование и да се обезбеди поголем премин на средношколци Роми во високото образование.

Како што се наведува во соопштението, министерот ја искористи оваа средба за да го истакне актуелниот проблем на напуштање на Република Македонија од страна на ромското население и да им порача на младите генерации Роми кои се образуваат, дека перспективата и нивната професионална иднина развој и успех треба да го гледаат и да го бараат во  матичната земја Република Македонија.

Тој информираше и за негативните последици од напуштањето на Република Македонија и барањето на азил во поразвиените земји и укажа на фактот дека ваквите десјтвија во најголем број од случаите завршуваат несуспешно, т.е. ваквите баратели на азил се вратени во Република Македонија, соочувајќи се и создавајќи си дополнителни проблеми за повторно нормално да го продолжат својот живот тука.

Министерот Мустафа ги охрабри младите Роми да вложуваат повеќе во своето образование и да работат градејќи подобра иднина во Република Македонија.