Груевски и Вучиќ телефонски разговарале за состојбата со напливот на мигранти

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (петок, 21 август 2015 година) оствари телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Србија, г-дин Александар Вучиќ.

Двата премиера разговараа за начините за справување со регионалниот предизвик на наплив на илегални мигранти.

Тие разменија информации кои се во корист за поефикасно менаџирање на постојниот проблем, согласно расположливите капацитети на државите.

Премиерите се договорија да продолжат активно да ја следат ситуацијата и да преземат мерки и активности за справување со настанатата ситуација.