Заштита и унапредување на животната средина и природата

Одржливото користење на природните ресурси е неопходно за заштита на животната средина. Управувањето со животната средина ќе се врши на начин со кој ќе се зголемува одговорноста на централната и локалната власт, истовремено со зголемување на одговорноста на индустријата преку овозможување на мерки со кои ќе се примени најсовремените технологии и практики во индустриските процеси. Согласно Националната стратегија за инвестиции во животната средина ќе се обезбеди пристап на јавноста до информации за животната средина преку спроведување на едукативни кампањи за подигнување на јавната свест.
Во периодот 2011-2015 во областа на заштитата, искористувањето и унапредувањето на водните ресурси се предвидени следните активности:
- Донесување на Водостопанската основа на Македонија и усвојување на Национална стратегија за управување со води во Република Македонија (2013);
- Идентификација на агломерациите за третман на отпадните води и дефинирање на чувствителните подрачја во земјата во однос на испуштање на урбани отпадни води и во однос на други параметри согласно Директивите на ЕУ (септември 2012);
- Започнување на процесот на интегирано управување со водите во согласност со принципот на интегрирано управување на ниво на речни сливови (2014);
- Зајакнување на административните капацитети на органите за управување со речни сливови и развивање планови за управување со речни сливови (2014);
- Донесување на Планови за управување со речниот слив на река Вардар, река Брегалница река Струмица и Црн Дрим (2014);
- Донесување на националана студија со методологија за тарифирање на услугите во секторот води согласно принципот загадувачот плаќа, со цел подобрување на системот на наплата (2013);
- Изградба на мали и средни водни акумулации за обезбедување на населението со вода за пиење (Конско, Дошница, Блато, Оризарска река) (2014-2015);
- Подобрување на државната мониторинг мрежа за водите за мерење на квалитетот и квантитетот на подземните води (2014-2015);
- Продолжување со одржувањето и надградувањето на проектот за снабдување со бунарска вода на Дојранско езеро (октомври 2013);
- Подготовка на основен проект за дел од канализациската мрежа и идеен проект за пречистителната станица за отпадни води во Скопје, со ИПА финансирање (2014);
- Реконструкција и проширување на канализационата мрежа во Прилеп, изработка на основен проект и изградба на пречистителна станица за отпадни води, со ИПА средства и домашно учество (2013-2016)
- Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Струмица, Гевгелија, Волково и во Сарај (2014-2015);
- Подготвка на физибилити студии и главни проекти за неколку агломерации во Република Македонија со повеќе од 10.000 еквивалент жители и тоа во: Битола, Тетово, Гостивар, Дебар, Кавадарци и Теарце со ИПА средства (2012-2014);
- Подготвка на проект за реорганизација на јавните комунални претпријатија во Република Македонија со цел одвојување на комуналните услуги за вода во посебни претпријатија (2012-2014);
Во 2011-2015 во областа на управување со отпад предвидени се следните активности:
- Изградба на депонии и воспоставување интегриран систем за управување со отпад во Полошкиот регион и Југо-источниот регион преку концептот на јавно-приватно партнерство (2013);
- Проект: „Забрана за употреба на пластични кеси‘‘
- Програма за расчистување и дислокација на дивите депонии и депониите на цврст отпад кои се наоѓаат во близина на автопатиштата, и главните регионални и магистрални патишта.
- Јакнење на административните и техничките капацитети на регионалните тела за управување со отпад во регионите за управување со отпад;
- Подготовка на регионални планови за управување со отпад во најмалку 2 региони за управување со отпад (2013)
- Подготовка на физибилити студии, основни проекти, анализи на добивки и трошоци за најмалку 2 региони за управување со отпад; (2014)
- План со физибилити студија за управување со отпад од електрична и електронска опрема
- Воспоставување системи за собирање, третман и рециклирање на отпадот од пакување, батерии и акумулатори и отпадна електрична и електронска опрема (2012);
- Издавање под концесија за преработката и искористувањето на рудните концентрати одложени на јаловиштата за олово и цинкова руда во рудниците Тораница и Злетово како и троската одложена во МХК Велес (2014);
Во периодот 2011-2015 во секторот природа се предвидени следните активности:
- Донесување Национална стратегија за заштита на природата (2011);
- Донесување План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион со Акционен план (2011);
- Усвојување Црвената листа на диви видови и Црвената книга на засегнати диви видови (2013);
- Донесување Планови за управување со сите заштитени подрачја во Република Македонија;
- Воспоставување Национална еколошка мрежа на заштитени подрачја (2014);
- Идентификување на подрачја кои ќе бидат предложени да влезат во еколошките заштитени подрачја за Европската Унија НАТУРА 2000 мрежата (2015);
- Воспоставување евиденција за заштитата на природата преку воведување на Катастар на заштитени подрачја и Регистар на природно наследство (2015);
- Воспоставување Национален информативен систем за биолошка разновидност (2015);
- Донесување План за управување на заштитеното подрачје Алшар и негова промоција помеѓу научниците надвор од државата (2013);
- Делови од Осоговските планини ќе се прогласат за заштитено подрачје и ќе се донесат Планови за нивно управување (2014);
- Разгледување на можноста за прогласување на Шар Планина за национален парк
- Проект Мариово: ревитализација на селата од аспект на производство на еколошка храна, развој на еколошко сточарство, екотуризам, изградба на сместувачки капацитети, соларни централи итн. (2012-2015)
- Проект Криволак: производство на екохрана и соларна енергија (2013-2015)
- Чистење на дивите депонии (континуирано)
Главни проектни активности во периодот 2011-2015 во интегрираното спречување и контрола на загадувањето на воздухот се:
- Заокружување на системот на издавање на интегрирани еколошки дозволи за усогласување со опреативен план за сите индустриски сектори (2012);
- Поддршка за воведување на најмалку 10 еколошко означачени производи и услуги (2014);
- Поддршка на означувањето со еколошка ознака на најмалку 10 капацитети за туристичко сместување (2013);
- Подобрување и редовно одржување на Државната мрежа за мониторинг на воздухот со 4 мониторинг станици (2014);
- Донесување Национален план за заштита на воздухот (2012);
- Донесување Национална програма за постепена редукција на количините на емисии на одредените загадувачки супстанции на ниво на Република Македонија (2012);
- Воспоставување информациски систем за квалитет на воздухот (2012);
Главни проектни активности во периодот 2011-2015 за намалување на загадувањето од бучава се:
- Изработка на Стратешки карти за бучава за сите агломерации, главни патишта, гравни железнички пруги и главни аеродроми на територијата на Република Македонија (2014);
- Воспоставување на Државна мониторинг мрежа за бучава со најмалку 10 автоматски мониторинг станици (2015);
- Изработка на Акциони планови за бучава во животната средина (2015)

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото