Груевски: Продолжува отписот на долгови - мерка што Владата ја вети и ревносно ја спроведува

Околу 14 милиони евра е досегашниот износ на отпишани долгови, а 8.200 граѓани ги исполнуваат законските услови за оваа мерка. Но, бројките не се конeчни. Очекуваме нивно зголемување со оглед дека се уште трае прегледувањето на документацијата, изјави денеска премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево.

Според Груевски, отписот на долгови е еден од проектите што Владата го вети на последните избори и ревносно го спроведува. 

- Се работи на целокупната документација доставена од граѓаните, се проверува колку соодветствува со законот. Очекувам досегашниот отпишан долг од 14 милиони евра и натаму да расте, нагласи премиерот Никола Груевски.