Млади, спорт и физичка култура

Владата на Република Македонија ќе се залага за подобрување на условите за живот на младите кои претставуваат движечка сила и промотор на новите вредности. Во таа насока ќе се продолжи со реализација на проекти од областа на спортот и спортската инфраструктура, со што ќе се придонесе за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани.

Политиките за млади ќе се темелат на континуирано подигнање на свеста на младите за штетните влијанија од употребата на дрогата, алкохолот и цигарите, поттикнување на претприемништвото, подигнување на свеста за намалување на насилството, охрабрување на младите за поголемо вклучување во волонтерските активности и овозможување на поефикасен начин на прибирање и споделување на информации корисни за младата популација. Владата на Република Македонија ќе ги спроведува политиките за млади низ следните проекти:

  • Проект: „Млади претприемачи‘‘, со кој во средните училишта, ќе се спроведуваат програми на тема „Развивање на младиот претприемачки дух“ (2011-2015);
  • Проект: „Младински информативни и советодавни центри‘‘, со кој ќе се отворат нови 7 регионални ИНФО ЦЕНТРИ во Куманово, Охрид, Штип, Струмица, Гевгелија, Битола и Гостивар, како и 3 центри во Скопскиот регион (септември 2014).
  • Донесување на Закон за млади со кој ќе се регулира и унапреди статусот на младите и начинот на младинско организирање (декември 2011)
  • Проект: „Совети на млади во општините и државен совет за млади‘‘, со кој со формирање на Советите на млади во општините, ќе се направи првиот чекор кон зголемување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво (2012-2013);
  • Проект: „Саем за младински организации‘‘, со кој ќе се организираат саеми на младински организации (по еден саем годишно), на кои младинските организации ќе имаат можност да ги презентираат своите активности и публикации;
  • Проект: „Стоп за пороците‘‘, со цел подигнување на свеста кај учениците од основните и средните училишта, за заштита и превенција од пороците на денешницата, како и целосна и точна информираност на родителите за навремено препознавање на симптомите на зависниците од алхохол, дрога и сл. (континуирано);
  • Проект: „Чиста околина‘‘, со кој ќе се поттикне свеста на младите за волонтирање во однос на зачувување на животната околина, штедење енергија, рециклирање и климатски промени (континуирано);
  • Проект: „Волонтирање‘‘, преку кој ќе се охрабрат младите за волонтерски акции за помош на стари, хендикепирани и изнемоштени лица (континуирано);
  • Проект; „Млади уметници‘‘, со кој во основните и средните училишта ќе иницира воведување секции за сите заинтересирани ученици за глума, театар, сликарство и вајарство (континуирано);

Во областа на спортот ќе се продолжи со инвестирање во спортска инфраструктура и креирање на активна околина преку изградба и адаптирање на спортски терени, спроведување политика за професионализација и унапредување на спортските клубови и спортот во Република Македонија, креирање едукативен и законски систем за навивачите и вложување во зачувување и промовирање на спортските вредности од минатото преку издавачката дејност. Во областа на спортот во периодот 2011-2015 година ќе се спроведат следните проекти:

  • Проект: „35 спортски сали‘‘, со кој се градат спортските сали низ целата територија на Република Македонија (2011-2013). Освен започнатите спортски сали, дополнително ќе инвестираме во две нови спортски сали: на Водно и во Тетово (во рамките на ДУТ). Во рамките на овој проект, планираме да ги ставиме во функција и постојните спортски сали, при што во 2011 ќе започнеме со реконструкција на салите во Велгошти и Смилево (2011-2013);
  • Проект: „ 50 фудбалски игралишта ‘‘, со кој се градат фудбалски игралишта низ целата територија на Република Македонија (2011-2012) ;
  • Проект: „Училишни првенства во голем фудбал‘‘, со кој ќе се овозможи масовно и поквалитетно организирање на училишни првенства во голем фудбал (континуирано);
  • Проект: „100 тениски терени‘‘, со кој се овозможува млади тениски таленти да се развиваат во идни професионали тенисери, но истовремено им овозможуваме на сите рекреативци да се занимаваат со овој спорт (2011-2013);
  • Проект: „Вештачка карпа за спортско качување‘‘, со кој ќе се изгради вештачка карпа за спортско качување, која ќе се состои од дел за брзо натпреварување, ѕид за тежинско натпреварување, како и плафон за тежинско натпреварување (јули 2011);
  • Проект: „Градски аква парк‘‘, со кој во рамките на спортскиот центар "Борис Трајковски" ќе се изгради градски аква парк, со забавни содржини на вода (2015);
  • Проект: „100 повеќенаменски маалски игралишта‘‘, со цел развој на масовниот спорт и спортот за сите, ќе се изградат повеќенаменски игралишта низ целата територија на Република Македонија (2011-2014);
  • Проект: „Атлетски патеки‘‘, со кој ќе се изгради атлетската патека по најсовремени стандарди, опремена со сите придружни објекти и реквизити (2012-2015);
  • Проект: „15 атлетски модули‘‘, со кој ќе се мотивираат младите да се вклучат во атлетиката (2011-2015);
  • Проект: „50 патеки со помагала за вежби‘‘, со кој на рекреативно-излетничките места ќе се постават фитнес справи за вежбање (2011-2015);
  • Проект: „500 стипендии за млади и талентирани спортисти‘‘, со кој се доделува стипендија на 500 млади спортисти (континуирано);
  • Проект: „Национално спортски признание спортски пензии‘‘, со кој се обезбедува доживотен паричен надоместок на сите спортисти, кои борејќи се за боите на Република Македонија, постигнале врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена (континуирано);
  • Проект: „Летен училишен камп со познати спортисти и спортски тренери‘‘, со кој ќе се наградат најуспешните ученици кои се натпреварувале и оствариле голем резултат во училишните спортски лиги, а на кој ќе земат учество познати спортисти и тренери (2011-2015);
  • Проект: „Реновирање на постоечки спортски сали‘‘, согласно кој ќе се реновираат постоечките спортски капацитети во општините: Битола, Прилеп, Неготино, Гостивар, Аеродром, Крива Паланка, Радовиш, Дебар, Карпош (Спортска сала Партизан), Струга (Затворен Пливачки базен Струга), Делчево (Градски стадион Гоце Делчев) и Центар (Лизгалиште и отворен базен Кале) (2011-2015)
  • Проект: „Изградба на нови базени‘‘, со кој ќе се инвестира во изградба на нови затворени базени во Охрид, Штип и во Крушево (2015).

Симнете ја програмата во PDF