Силни пораки од Трст на светско политичко ниво: Премиерот Заев се сретна и со претставникот на британската премиерка Меј, Борис Џонсон, во Македонија се гледа мотор на регионот кон ЕУ и НАТО

Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ. 

Средба на премиерот Заев со канцеларката Меркел: Германија силно ја поддржува новата реформска Влада на Македонија

Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните. 

Прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.

Одржана конститутивна седница на новиот состав на Комитетот за безбедно мајчинство

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, изрази силна поддршка за работата на комитетот за безбедно мајчинство и соработка во однос на сите предлози, одлуки, заклучоци кои ќе бидат донесени за надминување на актуелните состојби со смртноста на новороденчињата.

Министерот Спасовски: Ги враќаме позорникарите на подрачјето на СВР Битола

Министерот Спасовски потенцира дека еден од приоритетите кој ќе се реализира во соработка со локалната самоуправа е средување на состојбите во сообраќајот во градовите.

Владите, заедно со новинарите, медиумите и граѓаните, треба да бидат на чело на фронтот против лажните вести

“Нема поголем непријател на вистината од лагата, но истовремено вистината е најдобар одговор на лажните вести“, истакна тој и потоа се фокусираше на следните чекори кои Владата на Република Македонија планира да ги преземе во справувањето со овој феномен. Поповски изрази поддршка за оние кои работат во сферата на истражувачкото новинарство во земјата и информираше дека владата веќе презеде мерки, како дел од реформите во мемдиумите, за да се подобрат состојбите во новинарството, а со тоа и за борбата со лажните вести.

Идеите и препораките од првиот „Дигитален Самит на Западен Балкан“ се насоки за креативна дигитална трансформација на регионот

„За нас како домаќини задоволство и гордост е што овој настан беше позитивно поздравен од сите учесници и од целата меѓународна заедница. Сигурен сум дека успеавме да организираме настан кој ќе служи како одличен пример за организаторите на следниот Дигитален самит. Овие два дена слушнавме многу нови идеи, разменивме искуства, разговаравме и договоривме заеднички проекти. Со претставниците на земјите од Западен Балкан, бизнисите, академијата, заедно ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот“, истакна министерот Манчевски.

Османи: По Извештајот, Македонија излегува од состојбата на ургентност

„Една од најважните придобивки од оваа чиста препорака е дека Извештајот покажа дека Македонија се врати на евроатланската агенда, на евроинтегративниот пат“ – изјави Османи, додавајќи дека овој впечаток е поткрепен и во изјавите на еврокомесарот Хан, при предавање на извештајот, но и при посетата и во обраќањето на Потпретседателката Могерини денеска.

Премиерот на Република Македонија, Заев и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и Потпретседателка на ЕК, Могерини, домаќини на неформалната вечера со премиерите од Западен Балкан во Скопје

Премиерите уште еднаш ја потврдија својата искрена заложба за целосна имплементација на реформите во нивните земји, со цел да го забрзаат процесот на зачленување во Европското семејство.

Средба на премиерот Заев со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и заменик претседателката на ЕК, Могерини: Честитки за сработеното и чистата препорака и најава дека е можен датум за почеток на преговорите со ЕУ

Високата претставничка на ЕУ, Могерини, на средбата рече дека главната порака што ја носи се честитки, до премиерот Заев лично, до Владата, до опозицијата, до Парламентот и до граѓаните, за добиената чиста препораката за почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ.