Медиа центар

  • Груевски најави 2.000 нови вработувања до крајот на годинава

    Проектот за вработување на поголем број лица преку проекти кои Владата ги претстави во т.н „нов бран“ кој го промовиравме во јуни оди добро. Две илјади вработувања кои требаше да ги обезбеди Владата веќе се реализирани и луѓето работат низ различни општини, зборувам за оној дел кој требаше да го плати Владата.

  • Министерката Канчевска Милеска го посети археолошкиот локалитет Стоби

    Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска денеска го посети археолошкиот локалитет Стоби, каде се запозна со реализираните и тековните проекти на оваа национална установа.

  • Груевски: Владата не е одговорна и не е среќна за поскапувањето на енергенсите, СДСМ манипулира

    Владата не е одговорна и не е среќна за поскапувањето на енергенсите, тоа е во целосна надлежност на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Опозоциската СДСМ упатува обвинувања до Владата за да манипулира и да добие ситни политички поени.

  • Почна изградбата на новата технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“

    Поттикнување на локалниот економски развој, трансфер на технологии и вештини на работната сила, зголемување на конкурентноста на локалните компании и зголемен извоз од државата, се дел од ефектите кои се очекуваат од новата технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“ чија изградба започна денеска во месноста Србјани.

  • Груевски: Не даваме да се гази македонското достоинство, има коалициска криза и подготвени сме на се

    Постои криза во владината коалиција како резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, по одржувањето на последните парламентарни избори кое не се однесува коректно како што се однесуваше во минатото, а врв е настанот во Слупчане. Подготвени сме за предвремени избори ако ДУИ оцени дека тие се потребни иако не ги посакуваме, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

  • Почна со работа новоформираната комисија за утврдување на репрезентативност на синдикатите и работодавачите

    Сите синдикати и организации на работодавачи во наредниот период ќе можат да поднесат барање за утврдување репрезентативност пред новоформираната Комисија која почна со работа денеска, откако претходната беше распуштена по одлука на Уставниот суд со која тој укина одредба што се однесуваше на нејзиниот состав.

  • МОН: Трансформирани 5.189 договори за вработување на наставници

    Со процесот на трансформација на работните договори на просветните работници со нерешен статус од крајот на 2008 година досега 5.189 добиле решенија за трајно вработување, соопшти министерот за образование и наука Панче Кралев по денешниот состанок со претставниците на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Синдикатот на вработените во образованието (СОНК).

  • PM Gruevski: We do not allow anyone to step on Macedonian dignity, there are problems in the governmental coalition

    – There is a crisis in the Government's coalition as a result of an attitude altering of some of the members of the DUI (Democratic Union for Integration) leadership since the last parliamentary elections, who do not act fairly as before, and the crown of this behaviour is the event in Slupcane, Prime Minister Nikola Gruevski told reporters on Wednesday.

  • Minister of Culture visits archaeological site Stobi

    Minister of Culture Elizabeta Kanceska-Milevska visited Wednesday the archaeological site of Stobi to get informed about the completed and ongoing projects of this national institution.

  • Construction of new technological industrial zone Kicevo starts

    Stimulation of local economic development, transfer of technologies and workforce skills, increase of the competitiveness of local companies and boosted export from the country are some of the effects anticipated from the new technological industrial development zone Kicevo, whose construction was launched Wednesday in the Srbjani site.

Pages