Соопштенија

Средба на премиерот Заев со аргентинскиот амбасадор Труеба: Македонија се движи во добар правец на политички план, разговарано е за можности за унапредување на соработката

Аргентинскиот амбасадор Труеба констатираше дека Република Македонија се движи во добар правец на политички план и ги поздрави заложбите на премиерот Заев и на Владата за обезбедување повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните.

Премиерот Заев претседаваше со министерската работна група за Планот 3-6-9: Прецизирани мерките и реформите од Планот во делот 6 и 9 до март 2018-та

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска претседаваше со министерската работна група која ги презентираше реализирани реформи, како и следните чекори предвидени со Планот 3-6-9.

Прес конференција во живо на премиерот Зоран Заев

Во 11:30 часот, прес конференција на премиерот Зоран Заев, на тема усвоениот предлог буџет за 2018 година кој ќе биде пуштен во понатамошна собраниска процедура.

Средба на премиерот Заев со словачкиот министер за надворешни работи, Корчок: Поддршка од Словачка за Македонија

Премиерот Заев, придружуван од министерот Димитров, попладнето се сретна со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Словачка, Иван Корчок, придружуван од амбасадорот во заминување, Мартин Безак, како и идниот амбасадор, на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш.

Соопштение во врска со реакциите на Руската Федерација

Владата на Република Македонија останува целосно на заложбите за реализација на нашите евро-атлантски стремежи и не гледа судир на тие заложби со определбата да ги одржиме добрите односи и со Руската Федерација.

Премиерот Заев на средба со амбасадорката на Турција, Еркал Кара: Македонија и Турција го продлабочуваат пријателството

Премиерот Заев и амбасадорката Еркал Кара разговараа на повеќе теми од интерес на двете земји. Посебно внимание посветија на соработката на планот на безбедносните политики, како и на поддршката за претстојните активности на Република Македонија во однос на евро-атлантските аспирации.

Средба на премиерот Заев со претставници на граѓанскиот сектор: Поддршка на иницијативата за донирање вишок безбедна храна

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со претставници на граѓанскиот сектор.

Средба на премиерот Заев со црногорскиот министер за надворешни работи, Дармановиќ: Граѓаните на Македонија дадоа силна поддршка на реформскиот, мултиетнички концепт на Владата, се отвораат евро-атлантските перспективи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, придружуван од амбасадорот на Република Црна Гора во земјава, Предраг Митровиќ.

Средба на премиерот Заев со швајцарската амбасадорка Тејада и високи претставници на НДИ: Постои видлив прогрес во демократските процеси во Македонија, сега е момент да се зајакнат и капацитетите на Парламентот

На средбата се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата за вклучување на граѓанскиот сектор како партнер во креирањето на одлуките од директно значење за граѓаните. Сепак законите и нивните измени се носат во Парламентот и за тоа е потребна поддршка од целото општество во изградбата на фукнционални парламентарни механизми.

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на Првата министерска конференција за енергетика во Букурешт

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска престојува во Букурешт, Романија, каде денес учествуваше на Првата министерска конференција за енергетика, дел од Иницијативата „16+1“ за соработка меѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа.

Pages