Соопштенија

Повеќе од 4.000 советувања во Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје

Министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на УНФПА за Македонија Франсоа Фарах денеска го посетија „Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје“ кое функционира во рамки на Центарот за јавно здравје-Скопје.

Стапува во сила на Договорот за социјално осигурување помеѓу Република Македонија и Канада

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски информираше дека на 1 ноември 2011 година стапува во сила Договорот за социјално осигурување помеѓу Република Македонија и Канада. Овој Договор ќе се применува на сите граѓани коишто во Република Македонија или Канада навршиле периоди на осигурување или престој.

За лажни боледувања ќе се оди в затвор

Од 2007 до 2011 година бројот на боледувања е двојно зголемен и констатирана е злоупотреба на системските слабости. За подобрување на состојбата, а со цел да се ограничи можноста за злоупотреба на боледувањата ќе бидат преземени системски мерки кои ќе вклучуваат и казна затвор за матичните лекари кои спротивно на медицинската пракса и правните прописи ќе пропишат боледувања.

Владината одлука за зелениот картон позитивно влијаеше врз продажбата

Продажбата на зелениот картон оди со интензивна динамика што покажува дека одлуката на Владата влијаеше позитивно, оцени денеска директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Поповски.

Ставрески: Македонија вложува долгорочно во креирањето конкурентна економија и млади, стручни кадри

Македонија сериозно вложува во образованието. Тоа е една од клучните инвестиции на долг рок што ќе овозможи создавање млад, стручен кадар, подготвен да се справи со конкуренцијата на европскиот, отворен пазар, и воедно услов за сигурен економски раст, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во разговор со учениците од гиманзијата „Нова“ кои денеска го посетија неговиот Кабинет.

Продолжена мерката за увоз на шеќер со пет отсто царина

Шеќерот и во наредните три месеци ќе се увезува со повластената царинска стапка од пет отсто, одлучи денеска владиниот Економски совет.
Оваа мерка истече вчера, но Владата ја продолжува за да им излезе во пресрет на увозниците и на компаниите од кондиторската индустрија.

Андреј Лепавцов избран за нов амбасадор на Македонија во ЕУ

Натамошното проширувaње на Европската унија кон Западен Балкан по Хрватска ќе биде сo поригорозни услови отколку што беше тоа случај претходно, но не смееме македонската апликaција за членство во EУ да остане во сенката на билатералниот спор со Грција, истакна новоименуваниот амбасадор на Македонија во Унијата Андреј Лепавцов на денешното претставување пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика.

Ставрески: Помали царини за 100-тици производи за поддршка на индустријата

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информира дека Владата на синоќешната седница прифати измени на Законот за царинска тарифа со кој се намалува царината на 100-тици производи, пред се репроматеријали и суровини што се користат во индустријата.

Министерот Тодоров ги презентираше измените на Законот за лекови и медицински помагала

Измените на Законот за лекови и медицински помагала предвидуваат сериозни промени и регулација на системот односно пазарот на лекови. Се овозможува да се врши паралелен увоз на лекови, кој значи дека еден ист лек од ист производител може паралелно да се увезува на територија на Македонија.

Со измените на Законот за лековите и медицинските помагала се дава можност за паралелен увоз на лекови

Со измените на Законот за лековите и медицинските помагала се овозможува паралелен увоз на лекови во Македонија, што значи дека било која веледрогерија може да изврши увоз на лек кој е веќе регистриран во земјата, без разлика дали лекот е увезуван и има одобрение за увоз за друга веледрогерија.

Pages