Соопштенија

Изјава на премиерот Никола Груевски по добивањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2011 година

Почитувани,
Предмалку го добивме Извештајот кој го подготви Европската Комисија, и кој се однесува на напредокот што нашата држава го направи во изминатата година.
Ние сме задоволни што оваа година, исто како и минатите 2009 и 2010 година, Европската Комисија даде позитивна оценка за се она што македонските институции и граѓаните го реализираа во изминатиот период на полето на европските интеграции на Република Македонија.

Statement by the Prime Minister Nikola Gruevski after Receiving the Progress Report for 2011

Ladies and gentlemen,
We have just received the Report prepared by the European Commission, concerning the progress that our country has made in the past year.

Ставрески: Македонија ќе има голема корист од вклучувањето во регионалниот проект „Европа ре“

Вклучувањето на Република Македонија во регионалниот проект на Светската банка за формирање специјализирана компанија за реосигурување на ризиците од катастрофи „Европа Ре“, очекуваме да биде од полза пред се на граѓаните – сопственици на куќи и станови, земјоделците, малите и средни претпријатија, кои за пристапни цени ќе обезбедат сигурен надомест на евентуалните загуби предизвикани од природни катастрофи, истакна денеска во Охрид вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Втор состанок на Комитетот за туризам при Владата на Република Македонија

Комитетот за туризам при Владата на Република Македонија, вчера попладне (петок, 07.10.2011 година) го одржа вториот состанок на кој се разгледуваше реализацијата на мерките за развојот и промоцијата на туризмот во државата.
Комитетот ја разгледа ревидираната Национална стратегија за развој на туризмот 2009-2013, со осврт на реализација на мерките од акцискиот оперативен план. Се донесоа заклучоци за почеток со реализација на повеќе мерки,

Ставрески: Кризата во Грција нема да ја разниша стабилноста на денарот

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја оцени како мошне сериозна финансиската состојба во Република Грција, но е уверен дека таа нема значајно да влијае врз стабилноста на македонскиот финансиски сектор. - Состојбата во Грција станува се посериозна и веќе е извесно дека таму во одредена временска рамка во блиска иднина ќе се случи неможност на Грција да ги отплаќа своите долгови во целост. Моите очекувања се дека ќе дојде до контролиран банкрот, каде што европските земји и Грција ќе се договорат ...

Пуштен во употреба булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, денеска го пуштија во употреба проширениот булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Проширувањето на сообраќајницата се одвиваше на потегот од улицата „Франклин Рузвелт“ до улицата „Костурски херои“ (еден крак) и кон улицата „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, до свртувањето на десно кон улицата „Народен фронт“ (втор крак).

Се изготвува текст за вклучување на Македонија во „Јужен поток“

Владите на Република Македонија и на Руската Федерација изготвуваат текст за вклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“, како еден од стратешките приоритети за обезбедување стабилност во снабдувањето со гас и воопшто за стабилноста на македонскиот енергетски сектор, истакна денеска во Охрид вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Премиерот Груевски оствари средба со претставници на асоцијациите на земјоделци

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претставници на асоцијациите на земјоделците, како и со индивидуални земјоделци.
На средбата на која што присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ...

Одобрени 5,67 милиони евра за осум проекти во Македонија од Инвестицискиот инструмент за Западен Балкан

Преку Ивестицискиот инструмент за Западен Балкан за осум проекти Македонија добила грантови од над 5,67 милиони евра. Инструментот денеска во Скопје го претставија вицепремиерката Теута Арифи и претставникот на директорат за проширување на Европската комисија Кристос Гофас. - Денеска се затвора работниот состанок за Западен Балкан и фондовите од ЕУ. Мислам дека тоа е еден ефективен состанок. Во рамките на овој инструмент досега Република Македонија има конкурирано со осум проекти и успеала да повлече ...

Ставрески: Модернизацијата на блоковите во РЕК Битола почеток на инвестициски циклус вреден 300 милиони евра

Во РЕК „Битола“ денеска промовирано успешното завршување на модернизацијата и автоматизацијата на термоелектраната „Битола 2“, Официјално модернизираниот блок го пушти во употреба вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој рече дека енергетскиот сектор претставува столб на економскиот развој на секоја држава, а стабилното и квалитетно снабдување со електрична енерегија е основен фактор за конкурентноста на економијата и најави нови инвестиции ...

Pages