Соопштенија

Канческа - Милевска: Наградата за Спомен-куќата на Тоше ја афирмира Македонија во меѓународни рамки

Капиталниот проект на Владата, Спомен-куќата на Тоше Проески, во чија изградба изминатиот период Министерството за култура вложи многу енергија, труд, посветеност и љубов доби значајно меѓународно признание. Ја доби наградата „People's choice award“ за најдобро идејно решение на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, во силна конкуренција на 704 објекти од целиот свет.

Државата ќе субвенционира нискобуџетни авиокомпании

Владата донесе одлука со 1,4 милиони евра да субвенционира нискобуџетни авиокомпании, за што веќе е почната постапка за измени на Законот за воздухопловство, информира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Јас и граѓаните сме на иста страна за името, интервју на Г-дин Никола Груевски за печатениот медиум “Утрински весник”

Сметам дека во изминатиот период Владата ги постигна зацртаните цели кои се утврдени во Програмата за работа, и кои се резултат на нашите ветувања на изборите. Се трудевме тоа што го имаме ветено во програмата за овој период да го оствариме. И мислам дека постигнавме добри резултати. Но, има уште многу да се работи. Кога велам уште многу, мислам на сите проблеми наталожени низ минатото, но и нови, кои се појавуваат заради најразлични околности.

Тодоров: Реформите продолжуваат со несмален интензитет, приоритет квалитетни услуги и подобри услови за работа на лекарите

Предвидената измена на Законот за лекови и донесувањето на новата методологија за единствени цени на лековите се меѓу најсериозните реформи во здравството спроведени изминатите 100 дена, рече денеска ресорниот министер Никола Тодоров.

Кралев: Зацртаните проекти во образованието и по изминатите 100 дена интензивно се спроведуваат

Инвестиции во образовната инфраструктура, воедување на претпримеништвото како дополнителен предмет во средното школо, овозможување што поголем број стипендии и поттикнување на иновациите како основа за научно-истражуваката дејност беа основните приоритети на Министерството за образование во изминатите 100 дена од работењето.

Министерката Јанкулоска задоволна од сработеното во изминатите 100 дена од формирањето на Владата

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е задоволна од она што инстутуцијата со која раководи го постигнала во изминатите 100 дена од формирањето на Владата, кои, како што рече, се континуитет во реформите за приближување на полицијата кон граѓаните, во создавањето на модерна и европска полиција и континуитет во бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот.

Димовски: Покажавме дека ги спроведуваме реформите за конкурентно, европско земјоделство

Со многу труд, макотрпна работа, посветеност и решителност, преку преземање конкретни мерки и активности, покажавме дека ги спроведуваме реформите за подобрување на состојбите во земјоделството, рече денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, давајќи отчет за сработеното во изминатите 100 дена.

Анкета: Граѓаните задоволни од Владата во првите сто дена, Груевски политичар со најголема доверба

Мнозинството од анкетирани граѓани се задоволни од работата на Владата во првите сто дена, премиерот Никола Груевски е политичар со најголема доверба, а ВМРО-ДПМНЕ би победила на евентуални парламентарни избори. Поддршката за влез во ЕУ и НАТО и натаму е висока, иако со тренд на намалување, но граѓаните се против членство ако услов за тоа е промена на името.

Excerpts of PM Gruevski's interview with 'Kapital' weekly

For the last five years Macedonia has registered the highest annual GDP growth and foreign investments inflow in spite of the most serious global economic crisis. Prime Minister Nikola Gruevski says in an interview with the weekly 'Kapital'.

Груевски: Правиме максимални напори за да ја придвижиме економијата напред

Во изминатите пет години се направија многу суштински промени. Македонија го оствари највисокиот годишен раст на БДП во поновата историја и највисоко ниво на странски директни инвестиции и покрај тоа што се случи најголемата светска економска криза. Правиме максимални напори за да ја придвижиме економијата напред.
Ова го истакнува премиерот Никола Груевски во интервју за неделникот „Капитал“.

Pages