Соопштенија

Почна опремувањето на новите простории на одделението за неврологија во штипската болница

Лекарите и пациентите од Одделението за неврологија во штипската Клиничка болница од утре ќе се преселат во нови простории во еден дел од зградата на Инфективното одделение. Новите простории денеска се опремуваат со болнички кревети и друг потребен инвентар за нормално функционирање на невролошкото одделение, чиј објект вчера беше затворен поради немање услови за нега и лекување на тешко болните пациенти.

FinMin: EUR 130m-loan demonstrates trust of renowned banks in Macedonia

Members of the Parliament kicked off Thursday a debate on the draft-law on indebting the Republic of Macedonia with a loan from the Deutshce Bank and Citibank.

Ставрески: Заемот од 130 милиони евра ја покажува довербата од реномираните банки кон Македонија

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 13. седница ја почна расправата за Предлог-законот за задолжување на државата со заем кај Дојче банк и Сити банк.

Пешевски: Проекцијата на СБ е на дневна основа, ние немаме можност за правење дневни промени

За најновите проекции на Светска банка за растот за наредната година од 2,5 проценти, наспроти проектираниот од Владата на 4,5 проценти, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека Владата не може да ги менува проекциите на дневна основа бидејќи, сепак, станува збор за закон кој го предлага Владата, а го носи Собранието.

Pesevski: World Bank projection is on daily basis, Government cannot do this

With regards to the latest World Bank projections over Macedonia's GDP growth by 2.5 percent in 2012, compared to the Government's projections of 4.5 percent, Vice Premier for Economic Affairs Vladimir Pesevski said Thursday the Government cannot alter projections on a daily basis, since this is a law drafted by the Government and passed by the Parliament.

Занаетчиите бараат решение на нелојалната конкуренција и олеснување на казнената политика

Занаетчиите од Скоје денеска на средба со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски му ги презентираа проблемите со кои се соочуваат во извршувањето на својата работа и можностите како да се надминат.

Промовиран софтверот за електронско решавање на барања за пензии

Осигурениците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, по комплетирањето на документацијата, решението за пензија во иднина ќе го добиваат за десетина минути на шалтерите на Фондот преку софтверот за електронско решавање на барањата и исплата на пензиите што беше презентиран денеска.

Работилница за техники за контрола на шумските пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на проектот „Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“, поддржан од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), спроведува работилници за интегрирано управување со пожари и за техники за контрола на шумските пожари.

Конференција „Регионални и безбедносни динамики во Западен Балкан“- Безбедносната ситуација во Регионот е стабилна

Генерално безбедносната ситуација во Регионот е стабилна, со некои помали загрижувачки елементи и тенденции, кои не влијаат врз безбедноста во Македонија, но значајно е да се преземаат мерки и на меѓународно ниво, заклучија учесниците на регионалната конференција „Регионални и безбедносни динамики во Западен Балкан“ што се одржа денеска Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Аналитика Тинк Тенк.

Conference "Regional Security Dynamics in the Western Balkans"

The general security situation in the region is stable with certain worrying elements and tendencies that have no influence on security in Macedonia. However, it is significant to undertake measures in the international field, agreed participants at regional conference "Regional Security Dynamics in the Western Balkans", organized by the Konrad Adenauer Foundation in Skopje and Analytica Think Tank.

Pages