Соопштенија

First meeting of inter-sectoral coordination group for professional qualifications

Minister of Education and Science Pance Kralev and British Ambassador to Macedonia Christopher Yvon attended Tuesday the first meeting with members of the inter-sectoral coordination group for professional qualifications, which includes representatives of ministries and other bodies competent in the project's implementation, supported and funded by the UK Embassy.

Ставрески: Ќе се повлечат 23 милиони евра од кредитната линија од ЕИБ за помош на малите и средни претпријатија

Во најкраток можен рок ќе се повлечат средства од кредитната линија од Европската инвестициска банка со цел да им помогнеме на малите и средни претпријатија во Македонија. Дваесет и три милиони евра очекуваме да бидат во функција на поддршка на ликвидноста и инвестиционите планови на македонските компании.

МВР доби донација во опрема и обука за Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

Американска донација во опрема и обука вредна 104 илјади долари денеска доби Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

Отворена галерија „Нобеловците и АРМ за мирот“, со порака за мир како универзална вредност за подобра иднина

Во Воениот музеј - Музеј на Македонија во Скопје денеска беше отворена галеријата „Нобеловците и АРМ за мирот“, во духот на одбележување на 20 години од независноста на Република Македонија и 10 години од Охридскиот договор, како и во пресрет на одбележувањето на 20 години од формирањето на Армијата на Република Македонија.

Адеми: Поради загадениот воздух инспекции во индустриските капацитети

Инспекторите на Министерството за животна средина преку инспекции ја следат состојбата во индустриските капацитети за да го утврдат нивниот удел во загадувањето на воздухот во Скопје. Како дел од мерките за надминување на состојбата Град Скопје треба да воведе промени во сообраќајниот режим во централното подрачје, во јавниот превоз да вклучи понови и еколошки автобуси и да ги намалат билетите во автобускиот превоз во зимскиот период.

Со проектот „Портокалов плик“ од догодина ќе бидат опфатени сите осигуреници на Фондот за ПИОМ

Од април наредната година сите осигуреници на Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија ќе добиваат известувања за состојбата со остварениот пензиски стаж и плати. Овие податоци на осигурениците треба да им помогнат навреме да си ги комплетираат потребните документи за да можат подоцна кога ќе ги исполнат условите побрзо и поедноставно да добијат решение за пензија.

Осум банки ќе одобруваат кредити за граѓаните во рамки на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“

НЛБ Тутунска, Стопанска, Охридска, ТТК, Шпаркасе, Алфа, Прокредит и Стопанска - Битола се осумте банки преку кои граѓаните од идниот месец ќе можат да поднесуваат барања за кредити што ќе бидат субвенционирани со владиниот проект „Купи куќа, купи стан“.