Говори и интервјуа

  • Критики се потребни, но не и чист популизам (видео)

    Средната класа се враќа со создавање нови работни места. Ако само се базирате на административни мерки, тоа е многу мал дел од равенката. Ние го правиме токму тоа. Не може одговорот на опозицијата да биде чист популизам, сето тоа треба да биде издржано, посочува вицепремиерот Владимир Пешевски во интервјуто за неделникот „Република“.

  • Џери Наумоф: Образуваните работници се најголемиот адут за инвеститорите (Видео)

    Џери Наумоф на местото министер за привлекување странски инвестиции дојде од Одборот на директори на Македонија 2025. По потекло Македонец, во делувањето Американец, како експерт за менаџмент со богато бизнис портфолио во реномирани компании, посочува, во интервју за „Република ТВ“, дека покрај условите гарантирани од државата, образуваните работници во Македонија се најголемиот адут за привлекување на странските инвеститори.

  • Самиот факт дека имаме најмногу медиуми во регионот говори дека медиумите и новинарите имаат потребна слобода

    Интервју со Иво Ивановски, Министер за информатичко општество и јавна администрација за „Вечер“.

  • Враќањето на средната класа не е прашање на теорија, туку на практика и конкретни мерки (видео)

    Зголемувањето на пензиите, огласите за вработување кај странските компании во Македонија, проектите што се поврзани со надминувањето на предизвиците за домување на граѓаните се проекти кои се реални чекори за враќање на средната класа, оценува заменик-премиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, за Република ТВ.

  • Премиерот Никола Груевски за Си-Ен-Ен: Македонија е добра бизнис дестинација за странските инвеститори

    Македонија е земја со стабилна политичка и макроекономска ситуација, ниски даноци, технолошко-индустриски развојни зони и низа поволности што им се нудат на странските инвеститори, истакнува премиерот Никола Груевски во интервју за Си-Ен-Ен кое беше емитувано вчера.

  • Груевски: Кина ни е потребна за соработка и финансирање големи проекти

    Самитот меѓу земјите од Централна и Источна Европа што се одржа во Букурешт е важен бидејќи нам ни е потребна соработка со Кина, која е сериозен чинител во светската економија и особено во политиката, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за романската национална новинска агенција АГЕРПРЕС.

  • Работиме на проекти кои во 2014 треба да отворат нови 1500 работни места

    Министерот задолжен за привлекување инвестиции, Веле Самак во интервју за економски.мк го објаснува процесот на носење инвестиции, Зборува за плановите за 2014 година. Според него, уште две компании се пред одлука за инвестирање, исходот треба да биде познат до средината на 2014, а се работи за проекти кои треба да отворат околу 1500 нови работни места. Самак е задоволен од својот ангажман во Владата во изминатите години. Вели дека шест од најголемите и највидливи проекти се резултат на негово директно залагање: Џонсон Мети, Ван Хул, Дрекслмајер, Кромберг и Шуберт, Маркарт, Кофикаб, и неколку помали проекти. „Тоа е извоз од една милијарда евра и скоро 10000 нови работни места, од кои скоро 4000 се пополнети, вели Веле Самак во интервју за економски.мк.

  • Најостри казнени политики за педофилите, Македонија прва на Балканот

    За овој релативно кус период, покажа цврста решителност за водење на битка кон секој оној кој ќе наштети на дете. Бескомпромисно ја постави позицијата во битката, а околу најтешките сексуални злосторници го стегна обрачот.
    Тој издејствува педофилите да добиваат подолги затворски казни и хемиски да се кастрираат.
    Македонија прва во Балканот покажа одлучност и спремност да го направи ова.

  • Сарачини: Странските инвестиции годинава од 200 до 250 милиони евра

    Ако до крај се реализираат веќе најавените и прелиминарно договараните инвестиции од одредени инвеститори, може да се очекува дека до крајот на годинава странските директни инвестиции ќе достигнат од 200 до 250 милиони евра, истакнува министерот за економија Ваљон Сарачини во интервју за МИА.

  • Обраќање на премиерот Никола Груевски на промоцијата на концептот Менаџмент етика

    Денеска се собравме на овој несекојдневен настан со цел да се потсетиме на некои вредности кои се пред се човечки, а секако и професионални, длабоко поврзани со Вашата работа и функција, а кои се дел од вредностите на етичките норми на однесување...

Pages