Нова инвестиција со 2.500 вработувања најавена на отворената владина седница

Американска компанија со главно седиште во Минхен во Германија е заинтересирана за инвестиција во Македонија. Од компанијата неколку пати ја посетија нашата земја и избираа помеѓу неколку локации, но фаворит остана регионот во северо-западна Македонија.

Ова го истакна министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак на денешната отворена владина седница.

-Со вицепрепемиерот Пешевски успеавме да ги убедиме дека сепак она што се нуди во Македонија од целокупниот пакет на трошоци е всушност најдобар и најконкурентен. По нашата посета таму, тие веднаш направија посета во Македонија. Чекаме да поминат празниците и се надеваме дека за еден месец тоа ќе се официјализира. Тоа би било поголема инвестиција, со вработувење за над 2.500 луѓе, истакна Самак.

Дека оваа инвестиција оди во добар правец смета и вицепремиерот Владимир Пешевски.

-Очекуваме официјално добри вести во скоро време, иако вака неофицијално мислам дека работата е завршена, додаде Пешевски.