Премиерот Груевски и министерот Спасов во посета на децата во одморалиштето „Мајски цвет“

Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посетија децата од семејствата од социјален ризик, приматели на парична помош, на посебен додаток, како и децата без родители и родителска грижа кои ова лето се на одмор во Струга во Рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет“.

- Овој проект што го реализираме за бесплатен летен и зимски одмор го почнавме во 2012 година. Досега над 7.850 деца ја искористиле оваа бесплатна услуга и исто толку семејства имале на некој начин полза од овој проект наменет, пред се, за дечињата од семејствата со социјален ризик, како и децата без родители и родителска грижа. Денеска ја испраќаме претпоследната група од околу 200 дечиња и доаѓа последната група со околу 100 дечиња, изјави министерот Спасов.

Овој проект, како што посочи тој, и понатаму ќе продолжи да го реализира Министерството во зимскиот период и на лето.