Премиерот Груевски на Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со својата сопруга, денеска присуствуваше на светата Велигденска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. 

- Христос воскресна-Навистина воскресна, им посакувам на сите граѓани на Република Македонија многу здравје, среќа, успеси, спокојство, мудри одлуки и движење напред кон поквалитетен живот и поцврста и посилна држава, изјави премиерот Груевски по светата Велигденска литургија.