ХАДИ НЕЗИР - МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР
Роден на 12.08.1952 година, село Здуње – Гостивар.
Основното училиште го започнува во село Здуње, а завршува во Гостивар.
Средното образование го завршува во ЦСНО „Злате Малакоски“, Гостивар.
Во 1979 година дипломира во Косовска Митровица и се стекнува со звање електроинженер.
1982 година се вработува во Р.И.О.М. „Силика“ – Гостивар
Од 1983 година работи во ЕСМ – Хидроцентрали Маврово Гостивар.
Од 1994 до 2006 година е директор во ХЕЦ – Равен.
Од 2006 година до 12.04.2008 година е пратеник во Собранието на Република Македонија
Член е на Централното Собрание на Демократската Партија на Турците на Македонија и Претседател на комисијата за надворешна политика.
По националност е турчин, оженет, татко на две деца.
До именувањето на министер без ресор ја извршува должноста на извршен директор во ХЕЦ - Равен.