Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
Почетна
English English
*********************************************
  • Насловна
  • Влада
  • Односи со јавност
  • Документи
АНКЕТА





Министер без ресор



ВЕЛЕ САМАК - МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР

 

Веле Самак, Министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции. Дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго ( University of Chicago ) во 1996 година. Магистрирал од областа на бизнис администрацијата (МБА) на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија ( The Wharton School at the University of Pennsylvania ) во 2005 година.


Во новиот владин кабинет доаѓа од Корпорацијата Мајкрософт ( Microsoft ) како маркетинг менеџер одговорен за Америчкиот пазар за производи за деловна интелигенција ( Business Intelligence ) и SQL Server 2005. Во својата позиција реализира кампањи што помагаат да придонесат приход од над 1 милијарда американски долари и со кои има освоено 2 награди за успешен маркетинг. Во 2004 година, заедно со група студенти во школата Вартон, превзема проект од наставата и ја формира фирмата ТераПас ( TerraPass ) која користи пазарни механизми за неутрализирање на CO2 гасовите од автомобилите, и како портпарол ја претставува уникатната приказна пред сите медии во Америка. Денес ТераПас ( TerraPass ) е најуспешна фирма во својот сектор.


Претходно работел во Ситигруп ( Citigroup ), најголемата финансиска фирма во светот, како потпретседател во одсекот за кватнитативни истражувања (Global Quantative Research). Во оваа високо рангирана групација со годишен приход од 120 милиони американски долари, се употребува истражување и технологија за да се најдат инвестициони стратегии за светските инвеститори. Меѓудругото, неговиот труд за алокација на пензиски фондови е нашироко цитиран и објавен во престижниот Журнал за Финансики Аналитичари (Financial Analysts Journal). Во неговата биографија стои дека е единствен аналитичар кој бил унапреден во потпретседател по 1,5 година. Оценет со највисока оценка во сите годишни прегледи.


Поранешен секретар на Здружението за македонско-американско пријателство ( MAFA ), зборува англиски, a разбира српски, хрватски и германски јазик. Веле Самак е оженет со една ќерка.

  • Верзија подготвена за печатење