Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
Почетна » Влада
English English
*********************************************
  • Насловна
  • Влада
    • Членови
    • Програма
    • Генерален секретаријат
    • Министерства
    • Самостојни органи
    • Органи во состав
    • Управни организации
    • Комисии
  • Односи со јавност
  • Документи
АНКЕТА





Програма на Владата

 

Врз основа на член 90 став 2 од Уставот на Република Македонија ја поднесувам Програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2006-2010 година.


Основни цели и принципи на работа

Основни цели на Програмата за работа на новата Влада на Република Македонија за периодот 2006-2010 (во натамошниот текст Програма) се подобрување на животниот стандард на населението, зголемување на вработеноста, засилена борба против корупцијата, развој на демократијата, подобрување на меѓуетничките односи, политичка стабилност на земјата и интеграција во ЕУ и НАТО.
Основните принципи во економскиот дел од Програмата се: економска слобода и еднакви услови за работење за сите субјекти; динамично спроведување на структурните реформи; и партнерски однос на државата со сите релевантни субјекти, а посебно со приватниот сектор со цел да се забрза неговиот развој и да се креираат нови работни места.
Основните постулати за работа на новата Влада на политички и надворешен план вклучуваат целосно почитување на Уставот, имплементација на одредбите од Охридскиот мировен договор и натамошна реализација на обврските кои произлегуваат од преговорите со ЕУ и НАТО.

Цела верзија во .pdf формат

 

 

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2010 ГОДИНА

 

 

Цела верзија во .pdf формат