Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
Почетна » Влада
English English
*********************************************
  • Насловна
  • Влада
    • Членови
    • Програма
    • Генерален секретаријат
    • Министерства
    • Самостојни органи
    • Органи во состав
    • Управни организации
    • Комисии
  • Односи со јавност
  • Документи
АНКЕТА





Управни организации

Државен архив на Република Македонија

Државниот архив на Република Македонија ги врши работите што се однесуваат на чувањето и заштитата на архивската граѓа со која располага Република Македонија; средувањето и обработката на граѓата и врши архивски истражувања.

Државниот архив на Република Македонија има својство на правно лице.

 

Државен завод за статистика

Државниот завод за статистика ги врши работите што се однесуваат на прибирањето, обработката и објавувањето на статистичките податоци; чува, презентира и дава статистички податоци и ја утврдува нивната точност; на овластените носители за спроведување на статистички истражувања им дава мислења за методолошките основи; подготвува статистички прогнози, трендови и модели и други аналитички податоци и индикатори и врши други стручни работи утврдени со закон.

 

Агенција за катастар на недвижности

За вршење на работите на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите, управувањето со геодетско-катастарскиот информационен систем, како и воспоставувањето, одржувањето и јавниот пристап до Националната инфраструктура на просторните податоци, основана е Агенција за катастар на недвижности (АКН). АКН има својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за катастар на недвижности, а за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија. АКН работи врз основа на принципите на законитост, стручност, ефикасност, транспарентност, сервисна ориентација, професионалност и одговорност за работењето и постигнатите резултати.

Надлежност на АКН е:

- формирање и управување со геодетско-катастарскиот информационен систем,

- вршење основни геодетски работи,

- вршење премер на недвижностите,

- запишување на правата на недвижностите,

- востановување и одржување на катастарот на недвижностите,

- геодетски работи за посебни намени од значење за Република Македонија, утврдени од Владата на Република Македонија,

- изготвување државни топографски карти,

- водење регистар на просторни единици,

- воспоставување, одржување и овозможување јавен пристап до националната инфраструктура на просторните податоци,

- вршење надзор на работењето на трговците-поединци (овластени геодети) и на трговските друштва за геодетски работи.

Со АКН управува Управниот одбор, кој е составен од пет члена, и тоа: по еден член по предлог од Министерството за правда, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со АКН раководи директор, кој има свој заменик.