Самостојни органи на Владата на Република МакедонијаАгенцијата за млади и спортАгенцијата за млади и спорт ги врши работите што се однесуваат на грижата за психофизичкиот развој на младите и нивната заштита од болести на зависности, проституцијата, криминалот и други социопатолошки појави; грижата за статусот на младите; поттикнувањето и помагањето на различните облици на организирање на младите; преземањето активности за создавање услови за задржување во Република Македонија на способните и талентирани млади, како и создавањето услови за стимулирање на нивното враќање во Република Македонија; следењето на спортските и спортско-рекреативните активности од областа на спортот; следењето на развојот на врвниот спорт и врши и други работи утврдени со закон. Агенцијата за млади и спорт има својство на правно лице.
Агенција за иселеништвоАгенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија; помагањето на нивниот културен развој и унапредувањето на врските со нив и нивните организации; запознавањето на иселениците од Македонија со состојбата во Република Македонија; создавањето услови за враќање на иселениците во Република Македонија; создавањето услови за вклучување на иселениците во јавниот и економскиот живот на Република Македонија и врши и други работи утврдени со закон. Агенцијата за иселеништво има својство на правно лице.
Комисија за односи со верските заедници и религиозните групиКомисијата за односи со верските заедници и религиозните групи ги врши работите што се однесуваат на правната положба на верските заедници и религиозните групи, како и работите во врска со односите меѓу државата, весрките заедници и религиозните групи.
Агенцијата за развој и инвестицииАгенцијата за развој и инвестиции ги врши работите што се однесуваат за реализација на: програмата за развој и инвестиции, утврдените поволности за приватни инвестиции на домашни и странски лица, договорите за трансфер на капитал, спроведувањето на мерките на инвестиционата политика и странските вложувања, остварувањето на инвестициони работи што ги изведуваат странски лица во Република Македонија и инвестициони работи што ги изведуваат домашни правни лица во странство; размената на информации за можности за инвестирање; промоцијата и грижата за спроведување на обезбедените инвестиции во и надвор од Република Македонија и врши и други работи утврдени со закон. Агенцијата за развој и инвестиции има својство на правно лице.
Центар за управување со кризиВо извршувањето на работите во врска со управувањето со кризи, Центарот ги врши работите што се однесуваат на: обезбедување континуитет во меѓуресорската и меѓународната соработка, консултации и координација во управувањето со кризи; изработување и ажурирање на единствена процена на ризиците и опасностите по безбедноста на Републиката; предлагање мерки и активности за разрешување на кризна состојба и врши и други работи утврдени со закон. Центарот е носител на вкупната поддршка (стручна, озганизациона, административна и друга) на Управувачкиот комитет и Групата за процена.
Дирекција за заштита и спасувањеДирекцијата за заштита и спасување заради извршување на работите за заштита и спасување од природни непогоди, епидемии, епизотии, епифтии и други несреќи ги врши работите што се однесуваат на: изработка на: Планот за заштита и спасување, изработува Процена на загрозеност од епидемии, епизотии, епифотии и други несреќи во соработка со надлежните органи на државната управа, го организира и подготвува системот за заштита и спасување, предлага мерки за опремување и развој на системот за заштита и спасување во Републиката, обезбедува функционирање на системот за спречување и откривање на настанување и отстранување на последиците од природните непогоди, обезбедува навремено ангажирање и ефикасна употреба на републичките сили за заштита и спасување и тимовите за брз одговор. Се грижи за целосно вградување на мерките за заштита и спасување, обезбедува реализација на стратешките и среднорочните цели за заштита и спасување, учествува во пополнувањето и спроведувањето на мобилизацијата на републичките сили за заштита и спасување. Понатаму, ги согледува потребите за развој и врши опремување на републичките сили за заштита и спасување, организира и спроведува вежбовни активности за потребите за заштита и спасување. Воедно Дирекцијата за заштита и спасување изработува наставни планови и програми за обука за заштита и спасување, планира, организира и спроведува вежбовни активности и учество на колективните системи за заштита и спасување надвор од територијата на Република Македонија. Изработува стручни упатства од областа на заштитата и спасувањето, утврдува нормативи и стандарди за системот за заштита и спасување и врши други работи утврдени со закон. Дирекцијата за заштита и спасување има својство на правно лице.
Агенција за стоковни резервиАгенцијата за стоковни резерви е самостоен орган на државната управа, со својство на правно лице. Стоковните резерви се формираат, чуваат и обновуваат врз основа на среднорочна и годишна програма, а се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот согласно закон.
|

















