Состанок на МАРРИ мрежата за соработка меѓу Националните координатори за борба против трговијата со луѓе

Заложбите на Република Македонија во борбата против трговијата со луѓе се нотирани во годишниот извештај на Стејт Департментот на САД, во кој сме рангирани во групата ТИЕР 1, земји кои во целост ги исполнуваат критериумите за борба против трговијата со луѓе“, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во обраќањето на вториот состанок на МАРРИ мрежата за соработка меѓу Националните координатори за борба против трговијата со луѓе, што денеска се одржува во седиштето на МАРРИ Регионалниот центар во Скопје.

Македонија оваа година одбележува 10 години од почетокот на борбата против трговијата со луѓе, подвлече таа и потсети дека во изминатите години е воведено кривичното дело трговија со луѓе во Кривичниот законик, усогласен е правниот систем со Конвенциите на ООН и Советот на Европа за борба против трговија со луѓе.

На состанокот, на кој учествуваат претставници и експерти од Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Романија, како земја гостин, Јанкулоска презентирајќи го сето она што е сработено во досегашниот период од страна на МВР во областа на трговијата со луѓе, ја потенцираше и исклучителната важност од активностите во рамки на МАРРИ мрежата, како еден од транснационалните инструменти за конкретна и оперативна соработка на полето на борбата против трговијата со луѓе.

- Начинот на кој вие соработувате е најдобар пример како нашите држави треба заеднички да работат во исполнвуање на заложби што сите ние ги споделуваме - интеграција со ЕУ и создавање повисоки стандарди и критериуми во нашето работење, рече министерката Јанкулоска.

Македонија, особено во последната година од појавата на т.н.лажни азиланти во врска со визната либерализација, нагласи таа, има воведено сериозни мерки за заострување на контролите на границите. Во тие рамки, не им е одобрен излез од македонсктие граници на близу 2.000 граѓани, а ако на тоа се додадат мерките преземени во областа на легислативата, евидентен е прогресот во борбата против илегалните мигранти. Јанкулоска подвлече дека во однос на илегалната миграција, регионот на Југоисточна Еворпа, посебно земјите од нашето опкружување се соочуваат со уште еден сериозен проблем - мигрантите од Авганистан, Пакистан и подалечни земји, кои преку Грција успеваат да дојдат на европска територија.

- Во повеќе наврати се обидовме дел од овие лица, согласно потпишаниот договор за реадмисија со ЕУ да ги предадеме на земјата во која последно престојувале. За жал, не наидовме на разбирање и на почитување на овој договор, изјави Јанкулоска, додавајќи оти Македонија и понатаму упорно и истрајно ќе работи на решавање на овој проблем. Таа меѓу другото информира дека во населбата во кумановското село Лојане каде се сместени мигрантите, МВР ќе продолжи со позачестени контроли, со цел да има се излезе во пресрет на граѓаните.

Според Трпе Стојановски, директор на МАРРИ, намалувањето на кривичните дела за трговија со луѓе можно е да се должи на интензивната соработка и сериозните мерки кои се преземаат против  оваа сериозна криминогена појава, но од друга страна и на поголема „извежбаност“ да криминалците.

Денешниот состанок, информира тој, треба да овозможи институционализирање на оваа мрежа за соработка, која е еден од приоритетите на стратегијата 2011-2013 година на МАРРИ регионалниот центар. Во однос на илегалната миграција, тој смета дека е неопходна координирана акција на сите држави кои ја препознаваат рутата на нерегуларна миграција.

- Миграцијата е прашање кое многу лесно како балон можете да го потиснете од некаде и тој проблем ќе се јави на друго место. Во таа смисла бара јасни процедури, кои ќе ги препознаваат човковите права и слободи и постојано ќе интервенираат во квалитетен тренинг и обука на полициските службеници и пред се на Регионална и меѓународна основа, доверба меѓу дравите, изјави Стојановски.

Како што потенцира Виолета Андоновска, државен секретар во МВР, борбата против трговијата со луѓе во Македонија се базира на многу едноставна фуилозофија, а тоа е инклузивноста на сите релевантни партнери кои маат свои активности во насока на откривање на трговиајат со луѓе, независно дали доаѓаат од институциите, невладините организации или меѓународните организации.

Координаторот за борба против трговијата со луѓе за Србија, Митар Ѓурашковиќ,  посочи дека карактеристично е тоа што во последно време се повеќе домашните државјани се жртви на трговија со луѓе. Од почетокот на годинава идентификувани се 83 жртви во Србија, главно домашни државјани и тоа за сексуална експлоатација.

- Се обидуваме меѓу илегалните мигранти, да ги препознаеме и потенцијалните жртви на трговија со луѓе. Имавме случаи да ги враќаат нашите државјанки од европските земји, а кои ние ги идентификувавме како жртви на трговија со луѓе и тоа е ризик, изјави Ѓурашковиќ. Тој информира дека оваа година не се идентификувани македонски државјани - жртви на тргтовија со луѓе во Србија, но претходно имало случаи српски државјанки да бидат експлоатирани на територијата на Македонија. Најризични, подвлече, се угостителските објекти за сексуална експлоатација и трговија со жени.

Во досегашниот период во Македонија се идентификувани вкупно 406 жртви на трговија со луѓе, во 120 случаи за што се осудени на казна затвор 70 лица. Воведено е кривичното дело „трговија со луѓе“ во кривичниот законик, усогласен е правниот систен со Конвенциите на ООН и Советот на Европа, отворен е државен шелтер центар з ажртви. ПОдатоците од 2007 година до денес покажвуаат речиси домашна регрутација и експлоатација на жртви кои во 90 отсто од случаите се малолетни лица.