МЕРКА 1:
Измена во условите за користење на кредитната линија од ЕИБ и МБПР
Лимитирање на каматната стапка за првата година 6%, лимитирање на максималната камата од втората година до 7,5%.
Промена износ на поединечниот кредит наменет за крајните корисници (микро до 40.000 Евра, мали до 400.000 Евра, средни до 3.500.000 Евра).
Проширување на опфатот со тоа што и трговските компании ќе имаат можност да конкуирираат за кредитот.
МЕРКА 2:
Измена и дополнување на Законот за ДДВ:
Можност од доставување на периодичен финансиски извештај од банкарските сметки во електронска форма до Управата за јавни приходи;
Раздвојување на денот на плаќањето на обврските по бруто - плати и придонеси, со обврските за даноци и ДДВ од 15-ти на 25-ти во тековниот месец;
Подигнување на прагот за регистрација на даночните обврзници за ДДВ од 1,3 мил на 2,0 мил денари.
МЕРКА 3:
Измени и надополнување на Законот за домување со кој што ќе се овозможи откуп на станови во државна сопственост од страна на носители на станарско право, а кои имаат долг по основ на неплатени закупнини. Долгот ќе се вгради во вкупната цена на станот кој ќе се уплатува во период утврден во договорот.
МЕРКА 4:
Олеснување на критериумите за добивање на финансиска поддршка согласно Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2010 година за користење на финансиски средства.
МЕРКА 5:
Измена и дополнување на „Законот за просторно и урбанистичко планирање“ Сл.В. бр.91/2009, односно во членот 17-а да се додаде дека законот важи и за иницијативи поднесени и за градби со комерцијална намена.
МЕРКА 6:
Усогласување на Законот за градежно земјиште и Законот за градење во поглед на роковите за градење во смисла продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење за објекти од 1 и 2 категорија – 10 години, од 3 категорија - 6 години и од 4 и 5 категорија – 4 години).
МЕРКА 7:
Измена и дополнување на „Законот за просторно и урбанистичко планирање“ во правец на Продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење од една на две години.
МЕРКА 8 :
Намалување на надоместокот за приватизација на градежното земјиште кај правните лица за 30%.
МЕРКА 9:
Воведување на Кредитна линија за поддршка на микро, мали и средни трговски друштва со гарантна шема од страна на МБПР, со вкупно средства од 15 милиони евра.
МЕРКА 10:
Усогласување на постапките за добивање на грантови согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и ИПАРД Програмата со постапките за добивање на кредити кај деловните банки со цел да се обезбеди единствен пристап во подготвување на деловни планови и документација која на барателот ќе му послужи и за двете намени.
МЕРКА 11:
Спречување на увоз на производи кои не се произведени по одредени стандарди (HACCAP, CE) со цел заштита на домашните производители и потрошувачи
МЕРКА 12:
Намалување на надоместокот за користење на услугата скратен финансиски исказ од годишната сметка од Регистарот на годишни сметки во годишен паушал од 8.000 денари со неограничен на пристап до 500 информации на месечно ниво за компанијата корисник на услугата.
МЕРКА 13:
Донесување на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции на РМ и промоција на извозот
МЕРКА 14:
Изградба на повеќе придружни натпатници на Коридор 8 и Коридор 10 и уцртување на маркици за изградба на комерцијални објекти со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развојот националната економија
МЕРКА 15:
Изработка на прирачник во кој ќе бидат детално опишани чекорите од процедурата за усвојување на ДУП и процедурата за издавање на дозволи за градба заедно со потребната документација како и воспоставување на комуникацијата меѓу институциите кои треба да издадат соодветно одобрение/мислење.
МЕРКА 16:
Измени во Законот за градење во смисла на скратување на постапката – да не се издава одобрение за употреба на објект односно извештајот на комисијата за технички преглед да биде конечен.
МЕРКА 17:
Измени на Законот за превоз во патниот сообраќај со кои ќе се намали обемот на административната постапка со што Министерството за транспорт и врски ќе ги користи податоците од ЕХIM системот.
МЕРКА 18:
Скратување на постапката за изработка на ГУП при што ќе се исклучи употребата на ажурирани геодетски подлоги при изработката на ГУП.
МЕРКА 19:
Воведување на административен пристап на проверка на податоци потребни за поднесување на барање за користење на финансиска помош по програмите за поддршка заради намалување на трошоците за аплицирање.
МЕРКА 20:
Воспоставување на фонд на земјоделско земјиште за плодоуживање наменет за доделување на невработени лица кои живеат во рурални средини. Мерката ќе се реализира согласно Законот за земјоделско земјиште и Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање.
МЕРКА 21:
Дел од земјоделската механизација што ја набавува Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со средствата од револвинг фондот доделен од Јапонската Влада за набавка на земјоделска механизација, да биде доделена на невработени лица кои ќе добијат земјиште за плодоуживање од претходната мерка.
МЕРКА 22:
Измени на Закон за Стопански комори со што ќе се овозможи еднаков третман на сите стопански комори регистрирани во РМ во однос на царинската постапка
МЕРКА 23:
Измени во Законот за денационализација, односно скратување на постапката која како и со останатите Управни постапки ќе добива извршност со Решението на Второстепената комисија за денационализација