Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
Почетна
English English
*********************************************
  • Насловна
  • Влада
  • Односи со јавност
  • Документи
АНКЕТА





Реконструирана пешачка патека ставени темели на нов пазар во Крушево

Крушево, 8 февруари


Во Крушево денеска е пуштена во употреба реконструираната пешачка скалеста улица во центарот на градот, која го носи името на Тоше Проески и поставен е камен темелник на новиор градски Пазар.


Градоначалникот на Крушево Василчо Дамчески информира дека пешачката улица во должина од 150 метри е обновена со гранитни плочки и променета е водоводната и канализационата инсталација.


Дамчески и потпретседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески денеска го поставија и камен темелникот на комплексот Градски пазар за кој Владата одвои 250.000 евра. Комплексот ќе содржи 10-ина дуќани и покриен продажен простор од 700 метри квадратни, а замислен е како староградска крушевска куќа.


Според Дамчески, со пазарот, инфраструктурното средување на центарот на градот и новиот лик на плоштадот „Никола Мартиноски” за кој се одвоени 2,5 милиони денари Крушево ќе стане привлечна туристичка дестинација.


Министерот Ставревски се согласи дека за добра туристичка понуда потребна е добра инфраструктура.


- Тука сум со задоволство зашто во употреба е реноструираната пешачка улица што го носи името на нашата ѕвезда Тоше Проески. Токму овој и другите проекти како што се крушевскиот пазар и уредувањето на централното подрачје се битни инфраструктурни зафати, неопходни за добра туристичка понуда. Владата и натаму ќе волужува во нашиот туристички бисер Крушево и за подобрување на условите за живот на неговите жители, изјави Ставревски.

 

Во Крушево денеска е ставен во функција и интернет клуб, дел од владиниот рпоект за интернет клубови во сите места во државава каде младите и повозрасните ќе може да користат бесплатни интернет услуги.

 

 

  • Верзија подготвена за печатење