- English
- Македонски
Тодоров: Брз напредок на офталмологијата во Македонија, прва операција на отворено око во Штип
Министерот за здравство Никола Тодоров заедно со студентите од Факултетот за Медицински науки при универзитетот „Гоце Делчев“, лекарите од штипската Клиничка болница и од источниот регион денеска преку видео-конференциска врска присуствуваа на операцијата на пациент со катаракта, која беше изведена на Очното одделение во Штип.
- Ова е еден историски ден за здравството во Штип, затоа што првпат се направи операција, интервенција на отворено око, која беше пренесувана и следена од огромен број на студенти и доктори од штипскиот универзитет и од поширокиот регион. Станува збор за интервенција која што досега во Штип се работеа со класична метода, која е интервенција за катаракта, која што медотода имаше подолги болнички денови и подолг период на повраток на видот, рече Тодоров.
Тој забележа дека со набавката на скапата медицинска опрема и со ангажирањето на познатиот офтамотолог од Србија, Иван Стефановиќ се случува модернизација на Очните одделенија и на лекарите, а офталмологија во Македонија брзо напредува.
Стефановиќ заедно со началникот на Очното одделение при Клиничка болница-Штип, Страфил Газепов по извршената операција со фако метода на 48 годишен пациент, рече дека веќе тртети ден врши обука на лекарите од оваа одделение и е задоволен што веќе и можат самостојно да ги извршуваат интервенциите.
- Деновиве она што го видов во операционата сала, опремата и условите во Штип можам да кажам дека ретко се гледаат толку добри услови за работа, вели Стефановиќ.
Началникот на Очното одделение, Газепов рече дека извршувањето на вакви современи операции е овзоможено со добивањето на опремата, која е вредна околу 600.000 евра, но и со обуките од еден врвен офтматолог.
Операциите на катаракта во штипската Клиничка болница од денеска и официјално почнуваат за сите пациенти од Штип и источниот регион.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Бесплатни 40.000 дигитални ресивери за социјалните семејства
Владина делегација во економско-политичка посета на Аргентина
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото





