Груевски на средба со дијаспората во Сиднеј - Обединетост за стратешките прашањаСиднеј, 25 октомври
Потребна е обединетост и сплотеност на сите Македонци од дијаспората во остварување на стратешките и националните интереси на земјата, порача премиерот Никола Груевски на средбата со македонските иселеници во Австралија, кои според него се нераскинлив дел од македонското ткиво и од македонската држава.
- Сите вие и сите ние имаме иста цел, иста идеја, да и помогнеме на Македонија. Во предвечерјето на моето доаѓање имав многу пораки и сугестии кого да поканам, со кого да се сретнам, а јас одлучив да ги поканам сите Македонци. Среќен сум кога ве гледам собрани, сплотени, зошто не можеме да ја оствариме нашата цел ако сме разединети. Мора да постојат разлики. Секогаш постојат, но кога станува збор за стратешките и националните интереси мора да постои обединувње и сплотеност. Треба да постои свест кога е моментот да се стават сите рзлики на страна и да се седне заедно да се направи стратегија да се дејствува. Тоа е она што некои држави ги прави посилни, некои послаби, рече премиерот Груевски.
Тој додаде дека тоа е она што може да не одведе напред. Според него големо богатство е што во Австралија имаат уникатна можност која ја нема во Македонија, а тоа е да живеат заедно со сонародници од Егеј и Пирин, и им порача да не се делат по тоа прашање затоа што нема вардарци, нема егејци, нема пиринци, туку постојат само Македонци.
Премиерот побара поголемо обединување кај дијаспората и во однос на прашањето за името. Тој потенцира дека ќе продолжат разговорите и напорите за да се најде решение кое нема да ги загрозува македонските национални интереси, македонскиот јазик, македонската нација, култура, интегритет, идентитет, нашата гордост и достоинство, но тоа решение, додаде, ќе стане важечко доколку добие поддршка од граѓаните на референдум.
- Во изминатиот период трпевме многу уцени, но не потклекнавме. Жалам што во овие притисоци кумуваа и многу домашни политичари и јавни личности што значително ни ја слабееше позицијата. Ние велиме наш државен и национален интерес е да се најде решение за спорот, кој ни е наметнат и заради кој трпиме штети. Тоа решение ќе им помогне на земјата и на граѓаните, истакна премиерот, додавајќи дека политиката на блокади не дава резултати и изрази надеж дека работите се тргнати во подобар правец.
Тој се заблагодари на дијаспората за истрајноста и афирмацијата на македонскиот идентитет во Австралија преку формирање многу здруженија, културни друштва, невладини организации, стопански комори, спортски друштва, што помогнаа да се одржува македонскиот дух, а идните генерации да го знаат македонскиот јазик, својата култура, корен, и кои вредости што ги има Република Македонија.
Премиерот Груевски особено им се заблагодари за лобирањето што го прават каде што можат, како нивен придонес во развојот на матичната земја Република Македонија.
На средбата, тој ги информира за утрешното потпишување на договорот за социјално осигурување, за кој рече дека се прави токму на барање на иселениците од Австралија, како и за можноста од следните парламентарни и претседателски избори да гласаат и да имаат свој претставник во Парламентот во Македонија.
Премиерот Груевски ислениците ги запозна за стратешките приоритети на Владата, како привлекување инвестиции, подигнување на животниот стандарди, членство во НАТО и ЕУ, зајакнување на борбата против корупцијата, градење на добар меѓуетнички соживот и поголеми инвестиции во образованието во Македонија.
- Вложуваме многу напори за да ги оствариме овие цели. Работите се придвижуваат во еден добар правец, но потребна е уште многу работа, истакна на средбата премиерот Никола Груевски.
Во рамки на работната посета на Австралија премиерот Никола Груевски, утре со размена на писма со канадскиот премиер Кевин Рад ќе го потпиеше Договорот за социјално осигурување, а ќе има средба и со претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија.
Владината делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо ќе има средби и со македонските иселеници во Канбера и Млебурн. |


















