|
М-Р ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ - ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА
|
Роден на 19 јуни 1970 година.
Во 1993 год. дипломира на Електротехнички факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиj, на насока енергетика. Запишува магистерски студиина Електротехнички факултет во Скопје. По завршувањето на испитите од магистерските студии со максимален просек во подготовка е и на магистерска теза. Во 2001 година завршува магистратура по деловна администрација на Универзитетот од Шефилд, Англија – програма на City College во Солун.
Веднаш по неговото дипломирање, во 1993 година, започнува научно истражувачка кариера. Како асистент во Истражувачкиот центар за нови технологии во Македонска академија на науки и уметности работи на проекти од областа на енергетиката, со акцент на енергетски стратегии, дистрибутивни системи за електрична енергија, обновливи извори на енергија и заштита на човековата средина. Од 1996 година работи при проект на УСАИД како консултант за стратешки менаџмент и финансии давајќи консултантски услуги на преку 50 македонски компании. Во 1998 година станува генерален директор на СЕАФ Македонија и успешно раководи со овој меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции со фокус на приватни компании од Македонија. Во 2006 година ја презема функцијата Генерален директор и партнер на СЕАФ Фондот за Јужен Балкан. Фондот со кој раководел, досега во Србија и Македонија има реализирано бројни инвестиции. Тој е и главен инвестиционен советник при продажбата на неколку регионални компании на странски инвеститори во вредност од преку 100 милиони евра.
Неговото богато професионално искуство го надополнуваат и членувањето во првиот избран состав на Бордот на директори на Американската стопанска комора во Македонија, членувањето во Националниот совет за конкурентност и претприемништво, како и својството предавач по предметот Стратешки менаџмент во периодот 2004-2006 год.на магистерските студии на Универзитетот од Шефилд (програма на City College во Солун).
Од јули 2009 година стапува на функција Вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија.
Говори англиски, руски и словенски јазици од балканскиот регион.
Оженет, татко на три деца.