ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА
Д-р Васко Наумовски е роден во 1980 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, насока меѓународно право. Магистрирал на Рајнскиот Универзитет “Фридрих Вилхелмс“ во Бон, СР Германија, а магистрирал и на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, на теми од областа на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Во 2008 година докторирал на Правниот Факултет “Јустинијан Први“ во Скопје на тема од областа на влијанието на европските институции и проширувањето на Европската Унија со државите од Западниот Балкан.
Од 2005 година работи на “Њујорк Универзитетот Скопје“, на Факултетот за меѓународни односи, политика и европски студии, кадешто во 2008 година бил избран во наставно – научното звање доцент по меѓународно право и право на ЕУ.
Зборува англиски јазик, а се служи со германскиот јазик. |


















