Груевски: Наредните недели ќе се објави повикот за субвенции на авиокомпании што ќе отворат нови линии

Владата во наредните недели ќе објави повик за авиокомпании кои ќе добијат субвенции со цел да отворат нови линии, најави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба нова клучка за пристап до аеродромот „Александар Велики“.

- Оваа година најмалку шест линии ќе бидат отворени, можеби дополнителни и следната година. Интерес има, ние веќе анимиравме неколку компании да знаат и да се јават така што имаме сигнали дека некои од нив ќе се јават на повикот. Веруваме дека нема да пропадне овој меѓународен повик и дека ќе има интерес од некои од компаниите, така што некаде најдоцна од оваа есен ќе почнат нови линии и со тоа аеродормот ќе добие поголем број на патници, поголем  промет и граѓаните на Македонија ќе имаат можност да добијат повеќе дестинации со нискотарифни летови, изјави премиерот Груевски.