Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај меѓу Македонија и Чешка

Македонија и Чешка ги уредија меѓусебните односи во меѓународниот превоз во патниот сообраќај со Спогодба, што ја потпишаа денеска во Скопје министрите за транспорт на Македонија и на Чешка Миле Јанакиески и Павел Добеш.

- Целта на потпишаната спогодба е да се промовира заеднички поволен развој на трговските и економските односи и да се олесни и регулира меѓународниот патен превоз на патници и стока во патниот сообраќај помеѓу, во транзит преку своите земји, како и патниот транспорт за и од трети земји, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Станува збор за прва спогодба која Чешката Република ја потпишува со земја која не е членка на Европската Унија.

Министрите Јанакиески и Добеш  претходно на билатерална средба разговараа за можностите за соработка во унапредувањето на патниот и железничкиот сообраќај, како и за понатамошна можна соработката во проекти кои се однесуваат на изградба односно рехабилитација на коридорите 8 и 10. Јанакиески, според соопштението, изразил задоволство од соработката меѓу ресорните министерства на двете земји и изразил надеж дека во наредниот период ќе биде зајакната и унапредена.

Категорија: