Средба на министерот Беџети со германскиот амбасадор Гудрун Штајнакер

Министерот за правда Блерим Беџети денеска имаше работна средба со германскиот амбасадор во Република Македонија, Гудрун Штајнакер.

Изразувајќи благодарност за континуираната и сесрдна поддршка која Германија несебично и ја дава на Македонија, министерот Беџети посебно ја потенцираше соработката со Иститутот за меѓународна правна помош, која функционира преку советувања, семинари и обуки кои се одржуваат во Републикава.

Министерот Беџети, како што информираат од неговиот Кабинет, ја посочил важноста од поддршката за обуки која се спроведува во граѓанското и управното право, како и поддршката на работата на Управниот суд.

Амбасадорката Штајнакер истакнала дека поддршката од нивна страна ќе продолжи и понатаму да се одвива со несмалено темпо. 

Беџети нагласил дека во Министерството за правда се работи на препораките на Европската унија, додавајќи дека помошта која ни ја нуди германското искуство е секогаш добредојдена.