Владината делегација, предводена од премиерот Груевски, ќе учествува на бизнис форум во индискиот град Пуне

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски и владината делегација во чиј состав се заменик на претседателот на Владата и министер за финансии, г-дин Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони, г-дин Виктор Мизо, денеска (вторник, 6 март 2012 година) ќе престојуваат во индискиот град Пуне, кој што е препознатлив по најголема концентрација на компании од автомобилската индустрија во тој регион.

За време на престојот во Пуне, превидено е да се одржи бизнис форум кој ќе биде во организација на Индиската асоцијација за авто компоненти и на кој владината делегација ќе ги претстави инвестициските можности што ги нуди Република Македонија пред повеќе индиски компании.