Хеликоптери на АРМ ќе носат храна и лекови во селата завеани од снег

Армијата на Република Македонија денеска со хеликоперти ќе носи храна, средства за хигиена и лекови во населените места што се недостапни поради врнежите од снег во општините Сопиште, Студеничани и Чучер Сандево.

Оваа мерка, како што информира денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески,  проилезе од денешната седница на владиното Координативно тело за справување со состојбите кои произлегоа од изобилните врнежи од снег.

- Храната ќе биде од стоковите резерви и резервите на одбраната. Со пакети за лична хигиена ќе се вклучи Црвениот крст, а Министерството за здравство утврди листа на лекови потребнио за населението,  рече Јанакиески.

Доколку дозволат времеснките услови, акцијата ќе продолжи и утре.

- Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со општините ќе активира градежни компании кои ќе бидат дополнително вклучени во расчистување на локални патишта, додека магистралните и регионалните патни правци се проодни, нагласи Јанакиески. 

Тој упати апел до локалните самоуправи да ги вклучат сите расположливи сили за расчистување на локалните патни правци. Според најавите од синоптичарите, до петок не се очекуваат поинтензивни врнежи од снег. Нов снег прогнозираат од петок и во текот на викендот.

- Координативното тело ќе се состанува секој ден во утринските часови, а во текот на денот ЦУК најмалку два пати дневно ќе ја информира јавноста за состојбите со врнежите на територија на Република Македонија, информира Јанакиески.

На новинарско прашање дали се планира вонредна состојба во одредени општини, тој рече дека засега нема потреба, но оти Координативното тело ќе ја следи состојбата секој ден.

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми упати апел до правните субјекти да ја почитуваат законската обврска за чистење на снегот пред нивните објекти и до општините и граѓаните да се вклучат во акцијата за чистење на снегот од патиштата

Од информациите на ЦУК, рече Адеми, најзагрозени се Скопскиот, Прилепскиот и Кумановско-липковскиот регион.