Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 101-ва седница

На предлог на Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, на денешната седница ќе биде разгледана информацијата во врска со иницијатива за воспоставување на Заеднички економски Управен комитет помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.

На 101-вата владина седница, министрите ќе дебатираат за информацијата за Акцискиот план за Регионална економска област и за формирање на Координативно тело за градење и спроведување на Регионалната економска област во Западен Балкан, со предлог – одлука и предлог – решение.

Дел од точките на седницата е и информацијата за доставен предлог Меморандум за реализација на заеднички интегрирана интервенција во пограничниот регион помеѓу Република Грција и Република Македонија.

Владата денеска ќе одлучува и за информацијата за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Министерството за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија со предлог на Меморандум.

На предлог, пак на министерство за информатичко општество и администрација, на денешната седница ќе биде разгледана и информацијата за отворени податоци.

Почетокот на 101-вата седница на Владата на Република Македонија е закажан за во 12:00 часот.