Три последователни прес-конференции во Медија центарот на Владата на Република Македонија

Во среда (17.10.2018) во Медија центарот во Владата на Република Македонија ќе се одржат три последователни прес-конференции.

Со почеток во 10:30 часот прес-конференција ќе одржи министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

По него, во 11:00 часот, на прес-конференција ќе говорат директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов и д-р Жарко Караџовски, епидемиолог од Институт за јавно здравје.

Редовната владина прес-конференција за информирање за одлуките на последната 95-та владина седница, ќе започне во 11:30 часот.

Календар Влада: 
Среда, Октомври 17, 2018 - 10:30 to 12:30