Министерство за финансии: Податоци за движење на јавниот долг

Јавниот долг бележи намалување за првпат после 9 години во 2017 година, по што во 2018 година се задржува на тоа ниво. Претходните години јавниот долг беше брзорастечки и неодржлив. Од 2008 година тој рапидно растеше, за да во 2016 година истиот се дуплира. 

Со одговорно менаџирање со јавниот долг, подобрена е и неговата структура. Значително се намалени каматните стапки, како за еврообврзницата, така и за државните хартии од вредност. Зголемена е и рожноста на државните хартии од вредност, што ја зголемува одржливоста на долгот.