Информација за пожарите во Р. Македонија и состојбa до 08:00 ч.

Југозападен плански регион

Пожарот кај Лутоец - м.в. Змијарник, с. Требовље е сè уште активен, се простира на место викано ЛУТОЕЦ - во атарот на с. Растеш кај м.в. ЈАСИКОЕЦ и од другата страна на с. Растеш кон населеното место ЗАГРАД. Во тектот на вчерашниот ден во негово гасење интервенирале следните сили: АРМ (за пожар во с. Требовље и дел од атар на с. Растеш); 2 хеликоптери еден од АРМ и 1 од соседна Бугарија и истите дејстувале во атарот на с. Растеш; екипа на БППЗ Скопје; месно население од с. Растеш и доброволци од Тетово (пожар во с. Растеш); ЈП Македонски шуми Мак. Брод; 

Екипа од ЈП Македонски Шуми Мак. Брод е ангажирана за дејствување на пожарот во с. Девич. Пожарот во с. Девич од попладневните часови повторно е активен.

Пелагонски плански регион

Пожарот кој започна на ден 02.08.2017 година во атарот на с. Подвис кон с. Локвени, општина Крушево е сè уште активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума. Во текот на вчерашниот ден интервенирале екипи од ТППЕ Крушево, ТППЕ Кривогаштани, ЈП „Липа“ и екипа од ДЗС Битола. Според последните информации добиени во 21:00 часот пожарот е сè уште активен и истиот е префрлен кон селата Алданци и Норово. Утрово екипите продолжуваат со гасењето на пожарот.

Тетовско-полошки плански регион  

Пожарот кој е активен десетина дена во с. Требовље Македонски Брод се префрлил на другата страна кон општините Брвеница и Гостивар во делот на с. Корита. Во пожарот кај с. Корито, кој од лева страна односно од селата Гургурница и Порече се движи кон с. Корито, зафатена е сува трева. На терен била испратена екипа од „Македонски Шуми“ Гостивар.

Екипа на „Македонски шуми“ Тетово интервенирала на опожарена нискостеблеста шума и сува трева над с. Копанце - опш. Јегуновце. Се работи за пожар кој пред 4 дена беше активен од страната на селата Радуша и Дворце од скопскиот регион. Во текот на вчерашниот ден направен пресек за пожарот да не се спушти надолу кон селото каде што има и мала шума.

Пожарот во с. Железна Река е сè уште активен. Во текот на вчерашниот ден од страната на с. Страјане истиот е локализиран додека во јужна страна односно кај м.в. Крушевица сè уште е активен. Екипа од Македонски Шуми и мештани интервенираат за гаснење на овој пожар.

Северен (скопски) плански регион

Според последните информации од БППЗ на град Скопје, пожарот кај браната Матка, е локлизиран. На место на пожарот во текот на ноќта имало дежурна екипа ЈП. Во утринските часови имаше еден налет и интервенција од еден хеликоптер.

Од вечерените часови на ден 02.08.2017 година, се интервенира на запалена мешана шума на во атарот на с. Студеничани. Интервенираат со 2 ПП возила и 6 пожарникари. Утрово во гасењето на пожарот интервенираат вработни од ШС Караџица. (опш. Студеничани).

Во текот на вчерашниот ден во вечерните часови околу 20:00 часот појавен е нов пожар на планина Жеден во атар на с. Бојане. Во гасењето на пожарот интервенираа пожарникари и месното население. Утрово во гасењето на пожарот ќе интервенираат ШС Караџица.

Повардарски плански регион

Пожарот на падините на Горна Јакупица од 01.08.2017 година е сè уште активен. Пожарот зафаќа подрачје кое пред неколку години горело и е прекриено со суви дрва. Теренот е тешко достапен. Во попладневните часови (16:30ч) добиена е информација дека во близина на с. Богомила на 5 километри во м.в. Црвен Дол има пожар. На пожарот дејствувале екипа на ШС Бабуна, месно население, а и екипа од ДЗС Одделение Велес. Пожарот околу 20:30 часот бил ставен под контрола. Според последните информации добиени во 22:30 часот пожарот е обновен. Со пожарот се загрозени и викенд куќи. За моменталната состојбата известени се ТППЕ Велес.

Во 21:10 часот во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија појавен е шумски пожар. Во гасењето се ангажирани вработени во ШС Бабуна и пожарникари со 1 ПП возило.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ